Ранет шефот на дроновите на Путин, неговиот телохранител загина


Основачот на рускиот производител на беспилотни летала „Уралдронзавод“, Владимир Ткачук, е тешко повреден по експлозија на автомобил-бомба во близина на Екатеринбург, во напад што претставува уште еден во низата инциденти насочени кон личности поврзани со руската воена индустрија. Веста ја потврди и Гардијан. Според руските државни медиуми, експлозивната направа била поставена под неговиот „Мерцедес“ и експлодирала […]

Невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа во врска со нафтена дамка крај брегот на Оман


Гринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман. Според организациите, нафтата истекува од танкер за кој се претпоставува дека е дел од т.н. руска флота во сенка. Според информации на компанијата за поморска безбедност „Вангард“, бродот на […]

Израелскиот напад врз либански новинарки може да биде воено злосторство


 Израелскиот напад во јужен Либан на крајот на април, во кој една новинарка беше убиена, а втора беше сериозно повредена, може да се смета за воено злосторство, смета Хјуман рајтс воч (ХРВ). Групата за човекови права денеска објави дека пронашла индикации дека цивилите можеби биле намерно цел. „Израелската војска вели дека не ги гаѓа новинарите, […]

За Украина се борат околу 16.000 странци, повеќето од Јужна Америка


Околу 16.000 странски доброволци моментално се борат во редовите на украинските одбранбени сили, соопшти воениот правобранител на Украина Олха Решетилова за време на консултацијата со шефовите на дипломатските претставништва на Украина во странство. Како што наведе таа, овие борци доаѓаат од најмалку 72 земји во светот, а речиси 40 отсто од нив се државјани на […]

„Златната флота“ на Трамп може да ги чини Американците 275 милијарди долари


Програмата за изградба на нова класа нуклеарни воени бродови, кои претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги претставува како идната „Златна флота“ на американската морнарица, би можела да чини најмалку 50 отсто повеќе од првично проценетото, односно 275 милијарди долари, според извештајот на Конгресната канцеларија за буџет (ЦБО), пишува денеска Њујорк Тајмс. Според проценките […]

Недостаток на вода во Дунав: Букурешт воведува драматични мерки за заштеда


Градската власт на Букурешт објави дека воведе пакет од 25 мерки за намалување на потрошувачката на електрична енергија за време на тековната енергетска криза во Романија. Тие вклучуваат намалување на интензитетот на јавното осветлување, ограничување на полнењето на електричните автобуси и исклучување на декоративното и рекламното осветлување. Поради недостигот на вода во Дунав, еден од […]

Хирошима на годишнината од атомското бомбардирање повика на целосно укинување на нуклеарното оружје


Хирошима – Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа. Комеморативната церемонија почна со минута молк точно во 8:15 часот, времето кога на 6 август 1945 година експлодираше атомската […]

Австрија регистрира нов температурен рекорд


Виена – Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во […]

Трамп и се заканува на Канада поради пожари. Научниците: Климатските промени се виновни


Летово, Канада беше погодена од огромни шумски пожари кои принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови и уништија стотици домови. Пожарите дополнително се влошија од екстремните горештини, сувото време и силните налети на ветер. Чадот од пожарот се прошири над дел од САД, поради што властите издадоа предупредувања за лошиот квалитет на воздухот во […]

Зеленски и Руте разговараа за обезбедување пресретнувачки ракети за украинската воздушна одбрана


Киев – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за можноста за обезбедување повеќе пресретнувачки ракети за воздушна одбрана. – Марк е добро запознаен со заканите и ние ги координираме нашите напори со земјите што ги имаат потребните ракети и способност да помогнат, објави Зеленски на платформата […]

Во Австрија измерени рекордни 41,2 степени, Унгарија штеди енергија поради сушата


Температурата во Австрија денес достигна рекордно високо ниво, а Унгарците ја намалија потрошувачката на електрична енергија бидејќи најновиот топлотен бран и суша во централна и јужна Европа го земаа својот данок. Европа, континентот што се загрева најбрзо во светот, беше погодена од рекордни топлотни бранови и разорни шумски пожари ова лето, а Франција и Шпанија […]

Папата Лав во ноември во посета на Уругвај, Аргентина и Перу


Ватикан – Ватикан денеска соопшти дека папата Лав од 6 до 17 ноември ќе престојува во Уругвај, Аргентина и Перу, во рамки на голема пасторална посета за поглаварот на Римокатоличката црква, кој повеќе децении служеше како мисионер и бискуп во Перу пред минатата година да биде избран за папа. Според соопштението на Ватикан, папата ќе […]

Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин


 Шпанија и Еквадор разоткрија меѓународен синџир за шверц на кокаин, при што во заедничка полициска операција се запленети 21 тон дрога. Надлежните служби соопштија дека операцијата била резултат на повеќемесечна координација меѓу безбедносните органи на двете земји, насочена кон разбивање на криминална мрежа што организирала транспорт на големи количества кокаин кон европскиот пазар. Во рамки […]

Син на египетски имигранти победи на прелиминарните избори на Демократите во Мичиген. Се огласи и Трамп


Абдул Ел-Сајед, прогресивен политички аутсајдер и поранешен здравствен службеник, победи на прелиминарните избори на Демократите за американскиот Сенат во Мичиген. Ел-Сајед ја победи умерената конгресменка Хејли Стивенс во тесна трка, давајќи му на прогресивното крило на демократите важна победа во дебатата за идната насока на партијата. Во ноември, тој ќе се соочи со републиканецот Мајк […]

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон


Една жена е уапсена откако со нож прободе четворица мажи во центарот на Лондон, соопшти британската полиција. Инцидентот се случи во лондонскиот кварт Ковент Гарден, а жената е приведена поради поседување оружје и напад. На нападнатите им е пружена медицинска помош на местото на инцидентот, а потоа се одведени во болница. Полицијата соопшти дека инцидентот […]

Португалската полиција конфискува околу пет тони кокаин


Во заедничка операција на португалската полиција, воената морнарица и военовоздухопловните сили конфискувани се околу пет тони кокаин, при што се приведени тројца странски државјани. Дрогата е откриена на брод, што бил задржан на околу 640 наутички милји од Лисабон. Не е објавена националноста на тројцата приведени. Според португалските медиуми бродот на кој е откриена дрогата […]

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека испораките на ракети за украинската воздушна одбрана се трипати помали од 2025 година и ги повика политичарите во сојузничките земји да одобрат повеќе испораки. – Ова се однесува не само на овој летен период, туку и на кој било период во првата половина од оваа година, наведе Зеленски […]

Газа како Сребреница – масовен погреб за жртвите од израелскиот напад во 2023 година


Ожалостените Палестинци се собраа во централна Газа  на масовен погреб за 112 лица, вклучувајќи 40 деца, кои беа убиени во 2023 година во еден од најсмртоносните израелски напади во војната во Газа. Нивните тела не можеа да се извлечат досега поради континуираните напади на Израел, кои се забавија, иако не запреа, од прекинот на огнот […]

ЕУ ѝ дава на Украина 1,4 милијарди евра заработени од замрзнатите руски средства


Брисел – Европската Унија ќе употреби 1,4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, објави денеска Европската комисија. Парите, префрлени во Унијата на 3 август, доаѓаат од каматата на дел од средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ по инвазијата на Москва во Украина, додаде […]

Италија ги стави сите 27 големи градови на највисока топлотна тревога


Италија ќе ги стави сите нејзини 27 големи градови, од Трст на север до Палермо на југ, под највисока тревога бидејќи четвртиот топлотен бран што ја погоди земјата ова лето се засилува.Црвениот аларм значи дека постои поголема шанса за итен случај поради здравствениот ризик предизвикан од продолжените екстремни температури за целото население. Дваесет и пет […]