Италија ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор со Шпанија


Рим– Италија денеска ја продолжи суспензијата на Шенгенскиот договор со Шпанија за уште 15 дена.

Италијанската влада го суспендираше Шенгенскиот договор со Шпанија на 1 август по миграциската криза во шпанската енклава Сеута, а Шпанија возврати со проверки на патниците кои пристигнуваа од Италија,

Владата на Италија соопшти дека нема да се контролираат државјаните на Шпанија или од другите земји-членки на Европска Унија, туку само лицата кои не се државјани на ЕУ и кои од Шпанија ќе пристигнат по морски или воздушен пат.

– Ова е вонредна мерка, донесена за зачувување на националната безбедност и спречување на можни последици за нашата земја. Мерката ќе остане во сила само колку што е потребно, со посебно внимание на ограничување на влијанието врз летните туристички текови, објави италијанската премиерка Џорџија Мелони на Икс.