ОАЕ пресретнале ирански дрон


Министерството за одбрана на Обединети Арапски Емирати соопшти дека над територијалните води е пресретнато беспилотно летало кое се приближило од правец на Иран.

Министерството за одбрана на ОАЕ не наведе повеќе детали.

Во меѓувреме, иранската армија соопшти дека лансирала десетици беспилотни летала кон воздушната база Ал Минхад, југоисточно од Дубаи. Во базата се распоредени американски војници и хеликоптери.

ОАЕ демантираат дека базата била цел на напади.

Вооружените сили на ОАЕ остануваат во зголемена готовност за да одговорат на потенцијални закани, соопшти МО.

Во Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин и Катар има големи американски воени бази, кои постојано се цел на ирански одмазднички напади откако избувна војната пред шест месеци.