Трамп објави нови договори со фармацевтските компании за намалување на цените на лековите
Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп објави нови договори за намалување на цените на лековите со неколку фармацевтски компании, вклучувајќи ги австралиската CSL, индиската Sun Pharmaceutical и белгиската UCB.
Компаниите се обврзаа да обезбедат лекови за американската државна здравствена програма Медикејд според условите на таканаречената најповластена нација, рече Трамп за време на состанокот во Белата куќа.
Ова е „огромен попуст за кој се очекува значително да ги намали трошоците за здравствена заштита“, рече американскиот претседател.
Сепак, се уште не е јасно колку лекови се опфатени со договорите и колкав ќе биде вистинскиот износ на заштеди за државата и пациентите. Белата куќа не објави детали за договорите.