„Скај њус“: Експлозии се слушаат над главниот град на Катар


 Sky News објави дека експлозии моментално се слушаат над главниот град на Катар. Како што наведуваат, новинската агенција Ројтерс објави за серија експлозии над Доха, главниот град на Катар. Истото го откри и Axios, кој тврди дека шест балистички ракети биле испукани од Иран кон Катар. Footage showing surface-to-air missiles launched from Al Udeid Air […]

Економски профили: Израел и Иран – судир на идеологии, но и бројки


Додека воените конфликти меѓу Иран и Израел продолжуваат, важно е да се разбере не само геополитичката, туку и економската скала на силите што се во сè поотворен конфронтациски однос. Иако често се дискутира за воената моќ и стратешките позиции, подеднакво е важно да се анализираат економските основи на овие две земји, бидејќи токму економијата го […]

Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка


Катарските власти привремено го суспендираа воздушниот сообраќај низ целата земја, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи, откако Иран се закани со одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки. „Надлежните органи објавуваат привремено суспендирање на воздушниот сообраќај во воздушниот простор на земјата, како дел од низа мерки на претпазливост преземени врз основа на развојот на […]

Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата


Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, и го повика Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси. -Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Ве гледам! Не сфаќате дека она што […]

Белата куќа: Трамп ќе изврши притисок на самитот на НАТО за зголемување на трошоците за одбрана


Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе изврши притисок врз другите земји-членки на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана на пет проценти од БДП кога утре ќе оди на самитот на одбранбената алијанса, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. -Една од главните теми на дискусија ќе биде овој праг од пет проценти […]

Зеленски пристигна во Велика Британија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Велика Британија денеска за да разговара за одбраната на Украина и како да се изврши поголем притисок врз Русија, изјави неговиот портпарол. -Исто така, ќе разговараме за нови и моќни чекори за зголемување на притисокот врз Русија за оваа војна и за запирање на нападите, напиша Зеленски на „Х“ […]

Путин нема разбирање за акцијата на САД: Нема оправдување за она што му се прави на Иран


Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека американските воздушни напади врз Иран се „апсолутно неиспровоцирана агресија“ и додаде дека нема „никакво оправдување или основа“ за такви потези. Путин го изјави ова во Москва за време на состанокот со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, додека ескалацијата на конфликтот меѓу Иран, Израел и САД продолжува. […]

Ирански безбедносни сили: Уапсени тројца украински шпиони за обид за саботажа во Исфахан


Иранските безбедносни сили уапсија тројца членови на украинската разузнавачка служба кои, според Техеран, планирале напад врз фабрика за дронови во градот Исфахан, објавува државната агенција Тасним. Според достапните информации, уапсените агенти наводно биле вклучени во обид за саботажа на високо доверлив воен објект кој е клучен за производство на ирански дронови. Овие авиони Иран сè […]

Повеќе од 140 жени нападнати со шприцеви за време на музички фестивал во Франција


Серија напади со шприцеви се пријавени за време на популарниот музички фестивал „Fete de la Musique“, кој се одржува во голем број француски градови, главно во Париз. Француското Министерство за внатрешни работи објави дека досега 145 жени поднеле кривични пријави за прободување со непознати супстанции, од кои многу се тинејџерки. Главниот град има најголем број […]

Израел изврши голем напад врз Техеран: Погодени се болница и државна телевизија


Израелските воздухопловни сили започнаа серија напади врз ирански воени цели во Техеран, објави израелската војска. Како што објави Ал Џезира, најмалку три големи воздушни напади беа пријавени во северниот дел на Техеран. Истиот извор известува дека болницата била нападната со мал дрон. Снимките објавени на интернет покажуваат густ облак од чад над делови од главниот […]

Шпанија бара суспензија на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел


Мадрид – Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес денеска изјави дека ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри суспендирање на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел „во знак на протест против кршењето на човековите права во Газа“.  Тој, исто така, рече дека ќе побара од Советот на ЕУ да […]

ЕУ го предупредува Иран: Затворањето на Ормутскиот теснец би било исклучително опасно


Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес предупреди дека затворањето на Ормутскиот теснец би било исклучително опасно и нема да биде добро за никого. „Постои голема загриженост за можноста за одмазда и ескалација на војната, особено ако Иран го затвори Ормутскиот теснец, што би било исклучително опасно и нема […]

Како ќе одговори Иран?


ОДЛУКАТА на американскиот претседател Доналд Трамп да издаде наредба за напад врз нуклеарните постројки на Иран го турна Блискиот Исток во многу нестабилна ситуација. Сите очи сега се насочени кон Техеран и неговиот следен потег. Зборувајќи во Истанбул, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави во неделата дека Иран има „голем број опции“ кога […]

Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец


Американскиот државен секретар Марко Рубио ја повика Кина да се обиде да го одврати Иран од затворање на Ормутскиот теснец, важен трговски воден пат, по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран. -Ја охрабрувам кинеската Влада во Пекинг и ги повикувам за ова прашање бидејќи тие се во голема мера зависни од Ормскиот теснец за […]

Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД


Еден ден пред американските напади врз иранските нуклеарни постојки, официјален Техеран преку порака го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп дека допколку биде нападнат ќе започне акции низ САД со терористички „скриени ќелии“, објави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на разузнавачки извори.  Информациите стигнале до Трамп преку посредник на самитот на Г7 во Канада минатата недела, кој […]

Рускиот претставник во ОН за нападот против Иран: Неодговорни, опасни и провокативни потези


Русија ги осудува неодговорните, опасни и провокативни потези преземени против Иран, изјави вчера постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја. -САД ја отворија Пандорината кутија. Никој не знае какви нови катастрофи и страдања ќе донесе ова, рече Небензја на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, пренесуваат британските медиуми. Амбасадорот оцени дека САД […]

Се јави Хамнеи: Не го коментира американскиот напад, туку се заканува на Израел


Додека светот ја чека најавената иранска одмазда за нападите на САД врз нуклеарните постројки и реакцијата на врховниот лидер чии советници го објавуваат одговорот, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека израелското бомбардирање започнато на 13 јуни било голема грешка и големо злосторство. „Ционистичкиот непријател направи голема грешка, тој направи големо злосторство – мора да […]

ИДФ погодиле складишта за ракети земја-земја во централен Иран


Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека вчера погодиле складишта за ракети земја-земја во централен Иран, на околу 2.200 километри од израелската територија. Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Ефи Дефрин, изјави дека се погодени магацини во градот Јазд, објави Си-Ен-Ен. -Во текот на целиот ден, продолживме да ги ослабуваме капацитетите на Иран, извршувајќи сеопфатен напад врз […]

Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД


Американските опозициски демократи синоќа го критикуваа претседателот Доналд Трамп затоа што, кршејќи го Уставот, донел одлука да го нападне Иран без да побара одобрение од Конгресот на САД. -Одлуката на претседателот Трамп да го бомбардира Иран ги става САД на работ на поширока војна на Блискиот Исток без одобрение од Конгресот, што е потребно според […]

(Видео) Трамп објави видео од слетувањето на бомбардерите и рече: Направете го Иран повторно голем


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доколку сегашниот ирански режим не е во состојба „повторно да го направи Иран голем“, тогаш можеби ќе биде потребно да се промени режимот во оваа земја, јави ДПА. „Не е политички коректно да се користи терминот „промена на режимот“, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба повторно […]