Обама како Дедо Мраз дели подароци на болни дечиња


САД- Поранешниот претседател на САД, Барак Обама облечен како Дедо Мраз однесе подароци во детската болница во Вашингтон. – Имав прилика да разговарам со некои од дечињата и нивните семејства. Јас како татко на две ќерки можам да замислам како е да си во таква ситуација, опкружен со лекари, медицински сестри. Но, тие им ја […]

Наградуван новинар на „Шпигел“ седум години пишувал лажни стории


Германскиот неделник „Шпигел“ објави дека еден од неговите најпознати новинари, Клас Релотиус, повеќе години пишувал лажирани стории. Се работи за наградуван новинар, кој според неделникот измислувал стории и личности во најмалку 14 од 60 новински стории што се појавиле во печатените или онлајн изданијата. Тој пишувал седум години за неделникот и освоил многубројни награди за […]

„Њујорк тајмс“: Фејсбук масовно дозволувал пристап до податоци на корисници


Социјалната мрежа Фејсбук со години им дозволувала на најголемите светски технолошки компании пристап до личните податоци на корисниците и тоа значително повеќе отколку што кажуваат во јавност, објави „Њујорк тајмс“. Според стотици страници податоци до кои дошол весникот, Фејсбук имал посебни договори со одредени компании. Социјалната мрежа постојано растела, добивала голем број корисници и се […]

Околу 700 свештеници обвинети за педофилија во Илиноис


Околу 700 католички свештеници биле обвинети за педофилија во американската држава Илиноис во последните неколку декади, соопшти главната државна обвинителка Лиза Мадиган. Епархијата на Илиноис ги објави имињата на 185 од свештениците кои се обвинети за сериозни престапи. Проучувањето на архивите од страна на обвинителството во врска со обвиненијата против 185 свештеници покажа дека Обвинителството […]

Атина ја предупреди Анкара


Началникот на Генералштабот на грчката Армија, Евангелос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција е решена да одговори во случај на „ескалација на турските провокации“. Апсотолакис, на средба со грчките новинари, ја истакнал оперативната способност и подготвеност на Армијата на Грција во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. Според „Катимерини“, во случај на […]

Лондон: ИД и натаму е потенцијална закана


Англија– Британското Министерство за надворешни работи смета дека џихадистичката група Исламска држава (ИД) и натаму претставува потенцијална закана, иако повеќе нема територии под нејзина контрола. – Треба да се направат уште многу работи и не смееме да заборавиме каква закана претставува ИД. Дури и без територија, Исламската држава останува закана, се истакнува во соопштението на […]

Два дрона го блокираа британскиот аеродром Гетвик


Англија – Вториот по голмина аеродром во Велика Британија, Гетвик, времено е затворен за сообраќај поради информациите дека над неговите писти летаат два дрона, јави ДПА. Поради инцидентот, летовите од Гетвик се одложени, а авионите што требаше да слетаа на него се пренасочуваат кон други аеродроми. Управата на Гетвик, што се наоѓа на 50 километри јужно […]

Вселенскиот брод „Сојуз МС-09“ успешно се врати од МВС


Русија – Рускиот вселенски брод „Сојуз МС-09, кој ги превезуваше тројцата досегашни челнови на екипажот на Меѓународната свесленска станица (МВС), рано изутринава успешно слета во Казахстан. Со „Сојуз МС-09“ на Земјата се вратија тројцата астронаути Сергеј Прокопиев од Русија, Серина Аунион-Ламслер од САД и Александер Герст од Германија. Троцата досегашни членови на екипажот на МВС во […]

Бискуп се повлече поради обвинувања за сексуално злоставување


Папата Франциско ја прифати оставката на бискупот од Лос Анџелес, обвинет за сексуална злоупотреба на малолетни лица, објави денеска Ватикан за овој најнов случај на недолично однесување на свештеник, кој ја тресе американската Католичка црква. Според кратка изјава, 69-годишниот Александар Салазар се повлече од функцијата помошник- бискуп во Лос Анџелес. Ватикан на новинарите им подели […]

Русија: Повлекувањето на САД е добро за политичко решение во Сирија


Одлуката на САД да ги повлечат своите војници од Сирија создава добра перспектива за политичко решавање на кризата во таа земја, соопшти денеска руското министерство за надворешни работи. Руското МНР, исто така, оцени дека иницијативата за формирање сириски уставен комитет има „светла иднина“, заедно со повлекувањето на американската војска. Пентагон соопшти претходно денеска дека започнал […]

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство го поддржи Глобалниот договор за миграција


Генералното собрание на ОН го потврди Глобалниот договор за миграција, кој беше усвоен во Маракеш минатата недела. Тоа е првиот меѓународен документ за прашањето на миграцијата, кој не е правно обврзувачки. Договорот беше усвоен со 152 гласа „за“. Против гласаа пет земји – САД, Израел, Унгарија, Чешка и Полска. Воздржани беа 12 држави, меѓу кои […]

Три лица повредени во напад со мачета во Лондон


Три лица се повредени во напад со мачета во два здравствени дома во источен Лондон, јави Би-Би-Си. Повредите не се животно-загрозувачки, а лицата веднаш биле пренесени во болница. На местото на настанот веднаш дошла полиција и го привела осомничениот и го одвела во болница. Според снимките објавени на социјалните медуми, осомничениот е со долга коса, […]

Ципрас в петок во Белград на средба со Вучиќ


Грчкиот премиер Алексис Ципрас в петок ќе го посети Белград и ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти кабинетот на шефот на српската држава. Како што јави дописникот на МИА од Белград, по средбата предвидено е да се одржи втората седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Грција, на која ќе […]

(ВИДЕО) Поради експлозија на експрес-лонец, изгореа 600 куќи во Бразил


Пожар во населба во градот Манаус, Бразил, уништи најмалку 600 дрвени куќи, соопштуваат властите. Официјални лица изјавија дека најмалку четири лица се повредени во пожарот и дека немало жртви. Повеќе од 2.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Амадео Соарес, шеф за јавна безбедност во градот, рече дека прелиминарните сознанија од истрагата укажуваат […]

Анкета: Граѓаните на земјите од Западна Европа не би војувале за татковината


Резултатите од истражувањето на Институтот „Галуп интернашл“ спроведено во 64 држави покажуваат дека во Западна Европа недостасува подготвеност земјата да се брани со оружје. Анкетата покажува дека само 21 отсто од Австријците изјавија дека би ја штителе татковината со оружје. Додека во државите од Блискиот Исток, Северна Африка и Пакистан дури 94 проценти од граѓаните […]

„Фејненшл тајмс“ го прогласи Џорџ Сорос за личност на годината


Американскиот милионер Џорџ Сорос е прогласен за личност на годината во изборот на британскиот весник „Фајненшл тајмс“. Во образложението на изборот се посочува дека на Сорос му се доделува оваа „титула“, поради неговата „активна политика и либералните погледи на светот“. Весникот наведува дека изборот на „личност на годината“ вообичаено е одраз на оставрувањата не некој […]

„Исламска држава“ убила 700 затвореници во источна Сирија


Припадници на „Исламска држава“ во изминатите два месеци егзекутирале околу 700 затвореници во источна Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Невладината организација со седиште во Велика Британија соопшти дека затворениците биле дел од околу 1.350 мирни жители и борци кои ИД ги уапсила на територија која се наоѓа во близина на границата […]

Трамп: Ѕидот на границата со Мексико ќе биде прекрасна уметничка челична конструкција


Ѕидот што американскиот претседател Доналд Трамп има намера да изгради на границата со Мексико, за да спречи илегалните мигранти да навлегуваат во САД, ќе биде убава „уметничкото стилизирана“ челична конструкција, рече американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер. „Демократите се гласни и јасни дека не сакаат да изградат бетонски ѕид. Но ние нема да изградиме бетонски […]

Две третини од Русите жалат по Советскиот Сојуз


Дури 66 проценти од Русите жалат поради распадот на Советскиот Сојуз, покажува анкетата на јавното мислење на рускиот центар „Левада“. Според московскиот весник „Ведомости“, ова е најголем процент на носталгичари по поранешниот Советски Сојуз во последниве 10 години. Позитивно на прашањето дали жалат поради распадот на Советскиот Сојуз лани одговориле 58 отсто од испитаниците, а […]

„Њујорк тајмс“: Хакери ја следат комуникациската мрежа на ЕУ


Хакери со години успешно вршат упади во комуникациската мрежа на Европската унија и пресретнуваат илјадници дипломатски пораки, тврди „Њујорк Тајмс“. Според весникот, хакерите, меѓу останатото, дошле и до пораки во кои се искажува загриженоста на европските лидери поради непредвидливоста на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и се говори за напорите за постигнување договори на […]