„Фејненшл тајмс“ го прогласи Џорџ Сорос за личност на годината


Американскиот милионер Џорџ Сорос е прогласен за личност на годината во изборот на британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Во образложението на изборот се посочува дека на Сорос му се доделува оваа „титула“, поради неговата „активна политика и либералните погледи на светот“.

Весникот наведува дека изборот на „личност на годината“ вообичаено е одраз на оставрувањата не некој поединец, а во случајот на Сорос станува збор за „вредностите што тој ги претставува“.

– Тој е знаменосец на либералната демократија и отвореното општетсво. Овие идеи, кои победија во Студената војна, денес се под притисок од сите страни – од Русија на Владимир Путин до Америка на Доналд Трамп, наведува „Фајненшл тајмс“.

Весникот посочува дека Сорос „повеќе од три децении ја користи филантропијата за да се бори против авторитаризмот, расизмот и нетрпеливоста“.

– Со својата одамнешна посветеност на транспарентноста, слободата на медиумите и човековите права, тој го привлече гневот на авторитарните режими и се почесто и на националистичките популисти, кои продолжуваат да зајакнуваат, особено во Европа, се наведува во образложението на „Фајненшал Тајмс“ на изборот на Џорџ Сорос за личност на годината.