Околу 700 свештеници обвинети за педофилија во Илиноис


Околу 700 католички свештеници биле обвинети за педофилија во американската држава Илиноис во последните неколку декади, соопшти главната државна обвинителка Лиза Мадиган.

Епархијата на Илиноис ги објави имињата на 185 од свештениците кои се обвинети за сериозни престапи. Проучувањето на архивите од страна на обвинителството во врска со обвиненијата против 185 свештеници покажа дека Обвинителството имало информации за педофилни напади извршени од уште најмалку 500 свештеници. Повеќето случаи не биле соодветно испитани, или воопшто не била покрената истрага, рече Мадиган и изрази жалење за неуспешноста на судските власти во справувањето со сексуалните напади.

– Првите етапи од нашта истрага докажаа дека Католичката црква не е способна сама да спроведува истраги и да ги казнува одговорните. Обвиненијата за сексуална агресија врз малолетници, дури и да се случиле пред многу години не можат да се сметаат за внатрешно прашање, истакна таа.

Обвинителката на Илиноис почна истрага за напади во локалната Католичка црква откако летоска беше објавен извештај за напади во државата Пенсилванија. Обвинителството на таа држава утврди дека повеќе од 300 свештеници извршиле сексуални напади врз повеќе од илјада деца.