Три лица повредени во напад со мачета во Лондон


Три лица се повредени во напад со мачета во два здравствени дома во источен Лондон, јави Би-Би-Си.

Повредите не се животно-загрозувачки, а лицата веднаш биле пренесени во болница.

На местото на настанот веднаш дошла полиција и го привела осомничениот и го одвела во болница. Според снимките објавени на социјалните медуми, осомничениот е со долга коса, облечен само во долна облека.

Инцидентот не се третира како тероризам.