„Политико“: Ова е крај на Европа каква што ја познаваме


Европа преживеа ужасна година, но помалку или повеќе остана незасегната, објави „Политико“. Порталот под наслов „Ова е крај на Европа каква што ја познаваме (чувството е добро)“ наведува дека Европа имала пеколна недела – Париз гореше, Брегзит се претвори во психо-драма, а автократијата се враќа. – Парадоксално е тоа што на сите им се чини […]

Харадинај за писмото на Трамп: Уште еден доказ дека САД се најголемиот сојузник на Косово


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај оцени дека писмото на американскиот претседател Доналд Трамп до неговиот косовски колега Хашим Тачи претставува уште една потврда дека САД се најголемите поддржувачи на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај во објава на Фејсбук порача дека го поддржува барањето на Трамп за обединување на политичкиот спектар на Косово за […]

ЕУ:Постигнaт договор за забрана за употреба на пластика


Европската унија постигна договор за забрана за употреба на пластика за еднократна употреба, како што се пластични тањири или сламки. Австриската министерка за одржливост и туризам Елисабет Кестингер напиша на Твитер дека е постигнат договор, истакнувајќи дека станува збор за „пресвртница во напорите да се намали пластичниот отпад“. Рамковниот договор треба службено да го потврдат […]

Си: Кина не сака да биде глобално доминантна земја


Кинескиот претседател Си Џининг на синоќешното одбележување на 40-годишнината од големите економски реформи, што ја драстично ја променија земјата, истакна дека Кина не сака да биде глобално доминантна, но оти никој нема да и диктира што да прави. Благодарение на чекорите што ги презеде поранешниот лидер Денг Сјаопинг, за отворање на затворениот комунистички систем, од […]

Хрватска ќе увезе 63.600 странски работници


До крајот на овој месец хрватската Влада ќе ја утврди годишната квота за вработување на странци во 2019 година на која, според предлогот, би требало да се најдат дури 63,600 работници. Хрватска првпат ќе увезе и 200 постојани медицински сестри или техничари, но сепак најмногу недостасуваат работници во градежниот и туристичкиот сектор. Извршниот директор на […]

Фулбрајтова награда за разбирање за Ангела Меркел


Греманија – Фулбрајтовата асоцијација со седиште во Вашингтон соопшти дека овогодишен добитник на наградата за меѓународно разбирање е германската канцеларка Ангела Меркел. Во образложението на Организацијата се наведува дека одлуката за престижната награда ја добива Меркел поради нејзиното „исклучително, сочувствително лидерство и силна посветеност на меѓусебното разбирање, меѓународната соработка и мир“. Меркел е на чело на […]

Папата изврши кадровски промени во медиумската дејност на Ватикан


Ватикан – Папата Франциско го смени долгогодишниот главен уредник на весникот на Светата столица и назначи познат италијански новинар да координира со редакциската политика на сите ватикански медиуми. Ватикан соопшти дека новинарот од весникот „Стампа“ Андреа Торниели, чија специјалност се прашања за католичката црква, ќе стане редакциски директор на управата за комуникации на Римската курија. Италијанскиот […]

Секој десетти вработен во Словенија е странец


Словенија- Речиси 10 проценти од сите вработни лица во Словенија се странци, а нивниот број пораснал за 19,5 проценти на годишно ниво, соопшти словенечкиот Завод за статистика. Во текот на овој месец во Словенија имало вкупно 87.700 вработени странци, што е за над два проценти повеќе во споредба со септември годинава. Од вкупниот број страници, околу […]

Премиерот на Белгија поднесе оставка


Белгискиот премиер Шарл Мишел денеска во парламентот соопшти дека поднесува оставка од функцијата и најави дека за тоа ќе го информира и кралот. Одлуката на Мишел доаѓа откако социјалдемократите, заедно со Зелените, поднесоа иницијатива за гласање недоверба. Неговата Влада пред десетина дена остана без мнозинство, откако десничарската партија Н-ВА ја напушти коалицијата во знак на протест […]

Руско МНР: Некои земји се согласуваат со ширење расизам


Одделни држави продолжуваат да ги затвораат  очите пред ширењето екстремистички идеи, оцени руското Министерство за надворешни работи откако Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција за борба против глорификацијата на нацизмот и неонацизмот. „Тешко е да се разбере позицијата на некои држави кои се согласуваат со ширењето расизам и екстремистичките идеи, нагласувајќи ја потребата од овозможување […]

Ново писмо на ЕУ до Хардинај: Го загрозивте дијалогот


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарите за трговија и за проширување, Сесилија Малмстром и Јоханес Хан му упатија ново писмо на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во кој наведуваат дека со едностраните акции го загрозил напредокот, кој досега е постигнат со дијалогот Белград-Проштина. Европските функционери, исто така, ја поздравија […]

Вистина и правда: Погрешно обвинетите лица во Романија


Романија е на првото место според бројот на неправедни судски процеси во Европската унија. И додека правниот систем е заглавен во контроверзии, обичните жртви на судските грешки се соочуваат со тешка борба. Кога полицијата го опколила неговиот дом едно студено јануарско утро, Петрика Манолаки знаел дека е готово. 29-годишниот мајстор се криел изминатите шест години, […]

Британскиот амбасадор се срами колку малку косовски функционери се казнуваат за корупција


Амбасадорот на Обединетото Кралство во Косово, Руаири О’Конел, по денешната презентација на извештајот на Институтот на Косово за право (ИКД) за „Правдата во врска со интегритетот на правниот систем во борбата со корупцијата“, изјави дека се чувствува посрамен поради неказнувањето на косовските функционери за корупција, јави дописникот на МИА од Приштина. О’Конел реагираше на податокот […]

Прекинато судењето на обвинетата за убиството на братот на Ким Џонг Ун


Судот во Малезија го прекина судењето на обвинетата за убиството на Ким Џонг Нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, бидејќи адвокатите на обвинетата побараа дополнително време за да ги прочитаат пишаните изјави на сведоците. Индонежанката Сити Ајшах (26) е обвинета заедно со Виетнамката Доан Ти Хуонг (30) за труење на Ким Џонг-нам со хемиски […]

Ловџија казнет со една година затвор и еднаш месечно да го гледа цртаниот „Бамби“


Судот во Мисури му изрече многу необична казна на еден ловџија – покрај една година затвор, судот му нареди секој месец да го изгледа анимираниот филм „Бамби“. Дејвид Бери Џуниор беше осуден на една година затвор за нелегално убивање срни и елени, при што им ги отсекувал само главите, а остатокот од телото го оставал […]

Голем пад на американската берза


Американската берза на акции забележа вчера огромен пад, пред се поради стравувањата дека Федералните резерви би можеле да ги зголемат каматните стапки во текот на оваа недела. Индексите Дау Џонс и S&P 500 овој месец веројатно ќе го забележат најлошиот резултат уште од Големата депресија во 1931 година. Дау Џонс уште првиот ден од тргувањето […]

Курц: Не смееме Африка да им ја препуштиме на Кинезите


Австрискиот канцелар Себастијан Курц на Форумот ЕУ-Африка што се одржува во Виена изјави дека Унијата не смее африканскиот континент да им го препушти на Кинезите. Како што најави, Форумот треба да поттикне промена на парадигмата со цел покрај класичната развојна помош, повеќе внимание да се посвети на економската соработка и инвестициите. ЕУ, потсети Курц, е […]

Германската полиција спровела рација во џамија во Берлин


Германската полиција денеска спроведе рација во џамија во Берлин, затоа што имамот на џамијата е осомничен за префрлување пари на исламски борци во Сирија со цел „извршување терористички напади“. Полицијата ја пребарала џамијата Ел Сахаб во северниот дел на Берлин, Вединг, каде проповедал Ахмад А. (45), познат како Абул Бара, соопшти канцеларијата на локалното обвинителство. […]

Остануваат во сила американските санкции против Додик


Санкциите, кои САД ги воведе против претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, остануваат во сила, потврди заменикот државен секретар на САД Џон Саливан, кој се сретна вчера в Сараево со членовите на тричленото босанско Претседателство. – Се сретнав со претседавачот на Претседателство со Додик и другите двајца негови членови, бидејќи ја почитувам […]

На лидерката на Мјанмар ќе и биде одземена наградата за човекови права поради кризата со Рохинџите


Една од најголемите организации за заштита на човекови права во Јужна Кореја соопшти дека ќе и ја одземе наградата на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи доделена во 2004 година поради нејзината „рамнодушност“ кон кризата со муслиманското малцинство Рохинџи. Во тоа време, Аунг Сан Су Чи беше дисидент и лично не можеше да ја […]