Репортери без граници: Во 2018 година во светот убиени се 80 новинари


Најмалку 80 новинари се убиени годинава во светот поради нивната работа, објави денеска невладината организација Репортери без граници. Повеќе од половината убиени новинари се во пет држави – Авганистан, Сирија, Мексико, Јемен и Индија, се наведува во годинешниот извештај објавен во Берлин. Според податоците, 15 новинари се убиени во Авганистан, 11 во Сирија, девет во […]

Четиридневната работна недела е попродуктивна


Германија – Голем број компании од целиот свет кои работната недела ја скратија на четири работни дена регистрираат многу поголема продуктивност на работниците, вработените се помотивирани и забележан е помал синдром на „прегорување“ на работа. -Таквиот начин на работа е многу попозитивен кога станува збор за здравјето, учинокот на работниците е поголем, и нема работно „лудило“ […]

Ново сексуално злосторство во Индија


Индија–  Тригодишно девојче од Индија е во критична состојба откако наводно ја силувал нејзиниот сосед во Њј Делхи, јавија локалните медиуми. Обвинетиот за силувањето на девојчето е уапсен и се работи за 40-годишен чувар кој работел во зградата каде што живеело детето. Онесвестеното девојче го пронашла полицијата и веднаш било однесено во болница на операција. […]

Советот на Европа побара од Албанија да ја зајакне борбата против перењето пари


Албанија – Советот на Европа ја повика Албанија да ги интензивира напорите во борбата против перењето пари и да го конфискува имотот стекнат од организиран криминал. Преку посебен извештај подготвен од Комитетот за спречување на перење пари  Советот на Европа ја подредува Албанија на списокот на земји со темелен надзор за перење пари. – Корупцијата претставува […]

Тереза Меј го закажа гласањето за Брегзит за јануари


Британските парламентарци ќе имаат можност да гласаат за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ во третата недела од јануари, соопшти премиерката Тереза Меј. Гласањето требаше да се одржи минатата недела, но беше одложено откако Меј призна дека има шанси да ја изгуби поддршката од мнозинството. Таа денеска рече дека Брисел бил јасен дека […]

Косовски медиуми: Тензии во Брисел, ЕУ го одложи пресот на Харадинај


Косовските медиуми кои известуваат од денешната посета на Брисел на владина делегација од Косово, предводена од премиерот Рамуш Харадинај, јавија дека прес-центарот на Европската унија ја одложил заедничката конференција за медиуми по седницата на Советот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) Косово-ЕУ, јави дописникот на МИА од Приштина. Според извештаите, одлагањето е направено поради […]

Двајца пратеници исфрлени од зградата на унарската телевизија


Припадници на обезбедувањето денеска исфрлија двајца независни пратеници од зградата на унгарската државна телевизија откако се обиделе да прочитаат петиција. Тие се обидоа да ја прочитаат петицијата еден ден откако полицијата употреби солзавец против демонстрантите во Будимпешта, јави Радио Слободна Европа. Двајцата пратеници беа меѓу десетината членови на Парламентот кои ноќта ја поминаа во зградата […]

Тројца загинати при уривање на покрив од фабрика близу Москва


Три лица загинаа, а четири се повредени при уривање на покрив од фабрика во рускиот град Ѕержинск во Московска Област, соопшти подрачната единица на Министерството за вонредни состојби. Службите за итни случаи информираа дека најверојатно нема други лица под урнатините. Паднатиот покрив зафаќа површина од 130 метри квадратни. Халата е на компанијата „Техно груп“, која […]

Тачи: Никој не треба да се плаши од Војската на Косово


Претседателот на Косово, Хашим Тачи пред денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе се расправа за трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК), порача дека таа воена сила не претставува закана и не треба никого да плаши. – Ќе учествувам денеска на една итна седница свикана за Косово. Вистината треба […]

Германија ќе им исплати компензација на жртвите од Холокаустот


Германија – Германија ќе им исплати еднократна компензација на Евреите, кои како деца го преживеале Холокаустот, соопшти њујоршката организација која го води процесот за компензација. Како што е наведено во соопштението, Германија ќе им исплати на жртвите по 2.500 евра. Се претпоставува дека има околу илјада Евреи кои како деца го преживеале Холокаустот и се се […]

Протести во Будимпешта против Владата на Орбан


Во Будимпешта денеска протестираа илјадници граѓани против новиот закон за работа и, како што наведуваат, „авторитативната Влада на националистичкиот лидер Виктор Орбан“. Денешните протести под името „Среќен Божик на господинот премиер“ се четврти по ред во последната недела што ги организираат левичарските опозициски партии, група студенти и граѓани кои се против Владата на Виктор Орбан. […]

Во Јапонија повредени 42 лица при експлозија во ресторан


Повеќе од 40 лица се повредени при експлозија во ресторан во Сапоро, главен град на јапонскиот остров Хокаидо. Според полицијата, во инцидентот се повредени 42 лица, од кои повеќето се здобиле со повреди од среден степен, а едно лице се наоѓа во тешка состојба. Како што пренесуваат јапонските медиуми, по екслозијата се почувствувал силен мирис […]

Протести во Брисел против Договорот за миграција, полицијата употреби солзавец


Во Брисел денеска се одржаа протести против усвојувањето на глобалниот Договор на Обединетите нации (ОН) за мигрантите пришто полицијата употреби солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите пред седиштето на Европската унија (ЕУ) . Локалните власти првично го забранија денешниот протест од страв дека може да ескалира и доведе до насилство, но Врховниот суд […]

Папа Франциск: Новиот Договор на ОН да се насочи кон солидарност со мигрантите


Папата Франциско изрази надеж дека новиот Глобален договор на Обединетите нации за миграцијата ќе се насочи кон солидарност со мигрантите. Пред верниците на плоштадот „Свети Петар“, Папата рече дека необврзувачкиот Договор служи како појдовна точка за меѓународната заедница, која, се надева, ќе реагира „одговорно, солидарно и со сочувство кон оние кои поради различни причини ги […]

Жолтите елеци ги блокираа кружните текови во Франција


Движењето „Жолти елеци“ и денеска протестира низ цела Франција, а демонстрантите ги блокираа кружните текови во земјата и покрај повикот на министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане да се тргнат од таму. Според Министерството за внатрешни работи на Франција, на демонстрациите во текот на вчерашниот ден излегле 33.500 лица. Шеесет и девет илјади припадници на […]

(ВИДЕО) Ерупција на вулкан во средишниот дел од Индонезија


На островот Сулавези во Индонезија, денеска е регистрирана ерупција на вулкан што исфрла пепел до 7.500 метри висина. Вулканот Сопутан што се наоѓа во северниот дел од островот, двапати утрото исфрли пепел, соопшти портпарол на националната Агенција за спречување катастрофи. Според него, во очекување е излевање лава и пепел низ падините на вулканот и повика […]

(ВИДЕО) Хаос на автопат: Летаа долари од блиндирано возило


Најмалку две сообраќајни несреќи се предизвикани поради желба на некои возачи да соберат пари кои излетале од блиндиран камион на автопатот кај местото Ист Ратерфорд, во американската сојузна држава Њу Џерси. Полицијата во Ист Ратерфорд соопшти дека од блиндираното возило излетале пари по западната лента на Рута 3, околу 8 часот и 30 минути, за […]

Во автобуска несреќа во близина на Цирих еден загинат и 44 повредени


Во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих, денеска загина еден човек и 44 се повредени. Тројца од повредените се во критична состојба. Автобусот сообраќал од Џенова кон Дизелдорф кога одеднаш возачот изгубил контрола и удрил во ѕид, наведуваат од полицијата. Меѓу повредените нема деца. Портпаролка на полицијата нагласи дека оператор на автобусот бил […]

Се урна хеликоптер за медицинска помош во Португалија, четворица загинати


Во планинска област близу Порто, втор најголем град во Португалија, ноќеска се урна хеликоптер при што се стравува дека загинале четири лица кои се превезувале. Португалската служба за итна помош објави дека операцијата за спасување е во тек, но дека хеликоптерот не е пронајден. Државната телевизија и дел од весниците јавија дека во несреќата загинале […]

Мексико најавува зголемување на производството на нафта за 45 отсто


Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор најави планови за спасување на националната нафтена индустрија со зголемено производство на државната компанија за 45 отсто пред 2025 година. Обрадор додаде дека целта на компанијата Петролеос мексиканос е да го зголеми производството до 2,4 милиони барели дневно наспроти сегашните 1,65 милиони барели дневно. – Ќе инвестираме каде што […]