Жолтите елеци ги блокираа кружните текови во Франција


Движењето „Жолти елеци“ и денеска протестира низ цела Франција, а демонстрантите ги блокираа кружните текови во земјата и покрај повикот на министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане да се тргнат од таму.

Според Министерството за внатрешни работи на Франција, на демонстрациите во текот на вчерашниот ден излегле 33.500 лица.

Шеесет и девет илјади припадници на полицијата беа распоредени ширум Франција, од кои 8.000 во Париз, за ​​да ги обезбедат демонстрациите.

Според полицијата, во Париз на 115 лица им беше изречена мерка притвор од 168-те лица уапсени.

Демонстрациите се случија само пет дена по објавувањето на мерките од страна на претседателот Емануел Макрон за зголемувањето на куповната моќ.