(ВИДЕО) Поради експлозија на експрес-лонец, изгореа 600 куќи во Бразил


Пожар во населба во градот Манаус, Бразил, уништи најмалку 600 дрвени куќи, соопштуваат властите.

Официјални лица изјавија дека најмалку четири лица се повредени во пожарот и дека немало жртви. Повеќе од 2.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови.

Амадео Соарес, шеф за јавна безбедност во градот, рече дека прелиминарните сознанија од истрагата укажуваат дека причина за пожарот е експлозија на експрес-лонец.