Генералното собрание на ОН со големо мнозинство го поддржи Глобалниот договор за миграција


Генералното собрание на ОН го потврди Глобалниот договор за миграција, кој беше усвоен во Маракеш минатата недела.

Тоа е првиот меѓународен документ за прашањето на миграцијата, кој не е правно обврзувачки.

Договорот беше усвоен со 152 гласа „за“. Против гласаа пет земји – САД, Израел, Унгарија, Чешка и Полска. Воздржани беа 12 држави, меѓу кои Бугарија, Австрија, Австралија, Швајцарија и Италија.

Белгија гласаше за поддршка на договорот, иако тој предизвика повлекување на една од партиите од владејачката коалиција и доведе до оставка на премиерот Шарл Мишел.