ЕК се надева во овој мандат да започне трговски преговори со САД


Европската Комисија чека сега од американската администрација да одобри преговарачки мандат за трговските прашање, откако ЕУ утрово ја усвои одлуката. Европската комесарка за трговија, Сесилија Малмстром денеска изјави  дека ако Американците дадат зелено светло „мислам дека доста бргу може да одат“ преговорите, со надеж дека ќе можат и да завршат пред крајот на мандатот на […]

Поранешниот директор на Фолксваген обвинет за измама


Германските обвинители поднесоа обвиние против поранешниот директор на Фолксваген Мартин Винтеркорн и четири други лица за измама и други престапи поврзани со долгогодишните напори на компанијата за фингирање на резултатите од тестовите за емисиите на дизел. Во денешното соопштение, обвинителите посочија дека Винтеркорн знаел за праксата на измама, најмалку од мај 2014 година и не […]

САД во раскол поради Асанж: За некои тој е предавник, за други херој


Државен непријател или новинар – активист за транспарентност на супер силата САД. Стејт департментот го бара за да му се суди, Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп молчи, а либералната јавност и главните американски медиуми го заштитуваат. Одиумот и судбината на основачот на „Викилис“, Џулијан Асанж стануваат закана за нов политички раскол во САД. […]

Меј: Британската Влада продолжува со плановите за Брегзит без договор


Британската премиерка Тереза Меј во интерно известување го информирала персоналот на нејзиниот Кабинет дека Владата ќе продолжи со планот за Брегзит без договор, соопшти денеска портпарол на Даунинг Стрит 10. Ваквата изјава на портпаролот на Меј се оценува како обид за притисок врз членовите на Долниот дом на британскиот Парламент за усвојување на Договорот за […]

Трамп: Што, по ѓаволите, јас знам? Поправете го „737 макс” и ребрендирајте го


По повод големата криза која го погоди индустрискиот гигант од Сиетл, се огласи и првиот човек на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп го посоветува денеска „Боинг“, по двете фатални несреќи во кои учествуваше нивниот модел „боинг 737 макс“, најпрво да го поправат авионот и потоа да го ребрендираат. „Што знам јас за ребрендирање (но, станав […]

Хакери преку твитерот на шведските социјалдемократи повикуваат на убивање муслимани


Хакери ги нападнале профилите на шведската Социјалдемократска партија и објавиле порака „Убијте ги сите муслимани“. Раководството на шведските социјалдемократи, најголемата политичка партија во коалициската Влада на таа скандинавска земја, соопшти дека хакерите синоќа, два часа по полноќ, влегле во службениот налог на партијата на Твитер, а контролата врз страницата е вратена дури утрово во девет […]

Хаос во Данска: Десничар фрли Куран во воздух сред имигрантски камп


Данската полиција приведе 23 лица поради насилство, откако еден десничар фрли копија од Куранот во воздух во имигрантскиот кварт во Копенхаген, Данска. Полицијата во Копнехаген соопшти дека притворените се осомничени и дека стојат зад десетина палења на автомобили и контејнери за ѓубре, воглавно во Норебро, имигрантски кварт во данската престолнина, пренесува АП. Нередите почнаа откако […]

Американска конгресменка добива смртни закани по твитот на Трамп


Членката на американскиот Конгрес од редовите на демократите Илхан Омар денеска изјави дека добива се повеќе смртни закани, откако американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави видео во кое таа негира дека во 2001 година нападот во Њујорк бил терористички. – Тоа загрозува животи и мора да престане, рече Омар, обвинувајќи го Трамп за поттикнување […]

Сомнеж за бомба во центарот на Белград


Еден припадник на обезбедување во трговски центар, кој се наоѓа во центарот на Белград, утрово јавил во полиција дека се сомнева оти на паркингот се наоѓа бомба. Веднаш на местото била испратена специјална единица за деактивирање експлозивни направи, но српското Министерство за внатрешни работи засега не соопштува повеќе детали. Според локалните медиуми, припадникот на обезбедувањето […]

Невработеноста во Турција забрзано се зголемува


Бројот на невработени во Турција се зголеми во јануари до речиси 10-годишен врв од 14,7 отсто, што е јасен доказ дека се подлабоката економска рецесија се одразува негативно и на пазарот на трудот во земјата. Бројот на невработените Турци се зголеми во јануари 2019-та година од 1,259 милиони на 4,668 милиони во однос на почетокот […]

(Видео) Најмалку осум лица загинаа во САД во торнадо и ураган


Најмалку осум лица, меѓу кои три деца, настрадаа во налет на торнадо во државите на југот на САД. Едно лице загина на североистокот на Мисисипи, кога дрво удрило во приколка, изјави управникот за патишта за округот Монро, Сони Клеј. Тој додаде дека по налетот на торнадото на тоа подрачје 19 лица се пренесени во болница, […]

Еквадор: Асанж ја користеше амбасадата за шпионажа


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж неколкупати ги прекршил условите за азил и се обидел да ја искористи амбасадата на Еквадор во Лондон како центар за шпионажа, рече претседателот на Еквадор, Ленин Морено, објави Еуроњуз. Во четвртокот лондонската полиција го приведе Асанж од амбасадата откако Еквадор го повлече своето право на азил по седум години поминати […]

Рекорден број барања за азил од Латинска Америка во ЕУ


Венецуела се искачи на второто место на списокот на земји чии државјани бараат азил во Европа, веднаш по Сиријците, јави дописничката на МИА од Брисел. Во текот на февруари оваа година вкупно поднесени се 57 илјади барања за азил во земјите на ЕУ, плус Норвешка и Швајцарија, од кои четири илјади се од Венецуелци, со […]

Хант: Велика Британија сака да избегне Брегзит без договор


Владата во Лондон е решена во својот став да избегне истапување на Велика Британија од ЕУ без договор, изјави во Токио шефот на британската дипломатија Џереми Хант. – Свесни сме на фактот дека Јапонија има бројни инвестиции што вработуваат стотици илјади луѓе во Велика Британија. Ние сакаме таа силна соработка да продолжи, изјави Хант на […]

Москва ги следи активностите на НАТО, адекватно ќе одговорат


Русија внимателно ги следи воените активности на НАТО во регионот на Црно Море и подготвена е да одговори адекватно, вели заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко. Тој вели дека Русија има негативен став кон зајакнатите активности на Алијансата во регионот на црното Море. „Нивните активности во регионот на Црното Море  не може да […]

(Видео) Како Асанж живеел во еквадорската амбасада во Лондон?


Џулијан Асанж е снимен како, во шорцеви, низ еквадорската амбасада вози скејтборд, a во видеото кое го добил „El pais“, основачот на „Викиликс“ изгледа бледо и истоштено. „Викиликс“ се соочува со обвинувања од САД за „заговор за компјутерски упад“ откако во 2010 година објавија чувствителни владини документи. Додека полицијата го извлекуваше од амбасадата се виде […]

Едно лице загина при напад во црква во Канада


Едно лице е убиено откако непознат напаѓач отворил оган во црква во градот Салмон Арм, во канадската провинција Британска Колумбија. – Млад маж се појави со пушка по литургијата во црквата, ја насочи кон татко ми и пукаше во него – сведочи синот на убиениот. Жртвата е 78-годишниот Гордон Парментор. Според синот на Парментор, по […]

Ким Џонг-Ун можно е да ја посети Русија во следната недела


Лидерот Ким Џонг-Ун можно е да ја посети Русија следната недела. Таа информација ја објави јужнокорејската агенција Јонхап, цитирајќи извори во Москва. Според јужнокорејската агенција, „многу голема” е веројатноста Ким да пристигне во Русија кон крајот на април и да има состанок со рускиот претседател Владимир Путин, најверојатно во Владивосток. На 26 и 27 април, […]

Скандал во британската морнарица: Морнари од тајна мисија „паднале“ поради кокаин


Седуммина морнари на британската нуклеарна подморница ХМС Талент, кои требало да почнат операција за следење на руска подморница во Северното Море, „паднале“ поради кокаин. Како што пишува „Дејли мејл“, а пренесе „Спутник“, тие се суспендирани поради употреба на кокаин. Според британскиот таблоид, откако подморницата пристигнала во поморската база во Девонпорт, каде што екипажот требало да […]

Анкета: Корбин ќе ја смени Тереза Меј на „Даунинг стрит 10“


Англија– Лидерот на лабуристите во Британија, Џереми  Kорбин ќе биде новиот премиер по парламентарните избори. Тоа се нагласува во резултати од најнови анкети, објавија британски медиуми. Владејачките конзервативци на премиерката Тереза Меј ќе загубат 59 места во Долниот дом на Парламентот. Лабуристите ќе го зголемат бројот на пратеници за 34 луѓе и ќе бидат најбројна […]