Земјотрес во Ирак со јачина од 5,3 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала погоди област на 70 километри од ирачкиот град Сулејманија, пренесе Геолошкиот институт на САД.

Според Ројтерс, до потресот дошло во пограничната област на Ирак, десет километри под површината на земјата.

Се наведува дека нема повредени, како и дека не е причинета позначителна материјална штета.