Терористички напад во Пакинстан, во хотел со пет ѕвезди


Група терористи нападнала хотел со пет ѕвезди „Перл континентал“ во пакистанскиот град Гвадар, соопшти полицијата.

„Три или четири напаѓачи упаднаа во хотелот и сега траат судирите на припадниците на безбедноста и терористите“, соопшти полицијата, додавајќи дека нема информации за жртви, пренесе Ројтерс.

Во регионот распоредени се дополнителни полициски, антитерористички и воени сили. Полицијата наведува дека внатре во хотелот се слушнале 10 експлозии. Министерот за информирање Захур Буледи вели дека сите гости се безбедно евакуирани од хотелот.

Официјално не се знае дали има жртви и никој не ја презел одоговорноста за нападот.

Гвадар, град на Арапското Море, е стратешко пристаниште на прометниот коридор меѓу Кина и Пакистан и е дел од кинескиот инфраструктурен мегапроект „Еден појас, еден пат“.