СЗО: Ако не престанат нападите во Конго, еболата може да се прошири


Светската здравствена организација предупредува дека можеби нема да биде можно да се задржи еболата во две провинции во источно Конго погодени со епидемија.
Во денешното соопштение, СЗО предупредува дека борбата против еболата е прекинувана пет дена по ред поради несигурност, јави АП.
СЗО соопшти дека во еден инцидент насилно е нападната група за погребување откако погребале жртва на ебола.
Подрачјето е дестабилизирано со присуството на борците на милицијата Маи-Маи, што ги оневозможува на здравствените работници да патуваат во некои области.
Тоа ја отежна изолацијата на болните пациенти и им овозможи да останат во своите заедници во кои ја прошириле болеста на други луѓе.
СЗО соопшти дека од појавата на епидемија во август до сега умреа 1.069 луѓе.