Русија ќе и испорача оружје на Африка во вредност од четири милијарди долари
Русија планира годинава да и испорача на Африка оружје во вредност од четири милијарди долари, изјави синоќа генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Александар Михејев на маргините на Самитот Русија – Африка, што вчера почна во Сочи. – Се работи за техника во воздухопловството и противвоздушната одбрана, оклопни возила, малокалибарско оружје и противтенковски ракетни системи, наведе Михејев. […]