Велика Британија и Ирска додадени на забраната за летови од Европа во САД


Забраната за летови од континентална Европа во САД, в понеделник се надополнува со Велика Британија и Ирска, изјави потпретседателот Мајк Пенс на денешниот брифинг во Белата куќа по повод состојбите со ширењето на корона вирусот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави во средата забрана за летови од 26 држави во Европа, членки на Шенген зоната.

„Во обид да се спречи таква епидемија како во Европа, кон оваа забрана од понеделник се приклучуваат и Велика Британија и Ирска, изјави Пенс.

Во моментов во САД има повеќе од 2.100 потврдени случаи на коронавирус, додека починати се 50 лица.

Стејт департментот вчера го повика кинескиот амбасадор во Вашингтон да му врачи протестна нота по коментари од кинески дипломат дека американската војска можеби го донела вирусот во Кина.