Полска најверојатно ќе ги одложи претседателските избори закажани за мај


Претседателските избори во Полска, закажани за мај, најверојатно ќе бидат одложени поради пандемијата на корона вирусот. Тоа го соопшти денеска полскиот заменик министер за внатрешни работи и администрација Павел Шефернакер.

„Изборите се за два месеца. Следните денови ќе бидат клучни за донесување одлука за одлагање на претседателските избори, изјави Шефернакер.

Странци нема да може да влегуваат во Полска, а полските граѓани кои пристигнуваат од странство ќе бидат во карантин, одлучија властите во Варшава.