Во Италија денеска починаа 727 лица, најмалку во последнава недела


Според податоците на Цивилната заштита во Италија денеска починале 727 лица (110 помалку од вчера). Со тоа вкупниот број на починати сега е 13.155. Иако бројката е голема, тоа е најмалку во изминатава недела. Но бројот на новозаразени повторно се искачи – 2.937 (вчера беа 2.017). Сега има 80.572 позитивни на корона вирусот. Бројот на […]

Исчезна докторката што предупреди на корона вирусот


Кинескaта докторка Аи Фен, првата што ги предупреди другите за ширење на вирусот „САРС-како“, исчезна, а се стравува дека е приведена од властите. Д-р Аи Фен зборуваше за нејзиното откритие и подоцна даде многу интервјуа во медиумите, но потоа молкна. „Пред само две недели шефот на Итна медицинска помош во Централната болница Вухан излезе во […]

Австрискиот канцелар за Унгарија: Нема ние демократиите да финансираме полудиктатура


Австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер и се закани на Унгарија со укинување пари од ЕУ, поради неодамна донесениот закон за вонредни состојби. Коглер во интервју за германското списание „Цајт“ изјави дека развојот на настаните во Унгарија не е прифатлив. -Не е разбирливо да се дадат пари од Унијата на  таква полу-диктатура од другите демократски држави, нагласи […]

Белгиските синдикати се закануваат: Или заштитна опрема или штрајк


 Повеќе синдикати повикуваат на штрајкови во супермаркетите во Белгија, поради предлогот тие да бидат отворени од седум наутро до 22 часот навечер, додека полицајците се жалат дека работат без неопходна заштитна опрема, јави дописничката на МИА од Брисел. На здравствената криза која ја зафати Белгија и се закануваат и социјални немири. Три полициски синдикати најавија […]

Американски морнари ќе умрат од корона вирус на носачот на авиони додека бидат евакуирани


Капетанот на американски носач на авиони, со 5.000 лица на бродот, вклучувајќи непотврден број кој бил тестиран позитивно на Ковид-19, побарал помош за да се спасат животите на неговите морнари. Американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ бил во Пацификот кога морнарицата го пријавила својот прв случај на коронавирус пред една недела. Оттогаш се повлече во […]

Бројот на мртвите во Британија за еден ден надмина 500


За прв пат од почетокот на епидемијата Велика Британија регистрира повеќе од 500 починати во еден ден во болниците – 563. Со тоа вкупната бројка на загинати од корона вриусот се искачи на 2.352. Досега во Британија се тестирани 152.979 лица и од нив позитивни биле 29.474.

Хаос во Москва, се закануваат со бомби во болниците


Пет болници во Москва, Русија, денеска примиле анонимни дојави за поставени бомби и тоа во мејлови пратени на адреси на електронска пошта. Закани за поставени бомби примила и воздухопловната служба за летови од Москва до Краснодар, од Краснодар до Москва, Москва до Перм и од Москва до Санкт Петерсбург, пренесе Тас. Последните неколку месеци непознати […]

На Германија без сезонски работници ѝ се заканува недостиг од овошје и зеленчук


На Германија ѝ се заканува недостиг од овошје и зеленчук поради забраната за влез на сезонски работници, а германското Министерство за земјоделство денеска соопшти дека бара начин како на работниците од источниот дел на Европа да им се дозволи да дојдат на работа во земјата. – Ние не можеме без сезонските работници. Водам разговори со […]

Европската комисија предлага нов инструмент за помош на фирмите погодени од Ковид-19


Европската комисија денеска најави програма за скратено работно време, за која ќе гарантираат земјите-членки, а која ќе им помогне на фирмите во најтешко погодените држави да ги задржат работниците. Инструментот детално ќе биде претставен до крајот на неделата, а е осмислен со цел да ги обесхрабри фирмите да отпуштаат работници. – Ова е европската солидарност […]

Силни критики за Фон дер Лајен поради Унгарија


Медиумите и граѓанското општество упатија силни критики за претседателката на Европската комисија поради тоа што во изјавата со која се осудува загрозувањето на демократијата во Унгарија, таа ниту еднаш не го спомна експлицитно името на оваа држава, јавува дописничката на МИА од Брисел. Откако изби кризата со коронавирусот, владата на Орбан си додели надлежности без […]

Ограничувањата на извозот може да предизвикаат недостиг на храна во светот


Постои ризик од „недостиг на храна“ во светот, како резултат на влијанието на коронавирусот врз светската трговија и синџирите на снабдување, предупредија Светската здравствена организација (СЗО), Обединетите нации и Светската трговска организација (СТО). „Несигурноста околу достапноста на храна може да предизвика ограничувања на извозот, што може да создаде недостиг на светскиот пазар“, се наведува во […]

Српската влада обвинета за цензура


Српската Влада на 28 март донесе заклучок за информирање во време на пандемијата на Ковид 19 со кој информирањето на јавноста се централизира, пишува денес весникот „Данас“, додавајќи дека заклучокот ниту е објавен на веб-страницатана владата, ниту официјално некој има објавено дека тој е усвоен. Весникот „Данас“ наведува дека заклучокот предвидува секој што објавува информации […]

Кинески научници изолираа антитела кои го блокираат продирањето на корона вирусот


Тим кинески научници изолираше неколку антитела, за кои се тврди дека се „исклучително ефикасни“ во спречување на продирањето на корона вирусот во клетките. Ваквите сознанија можат да бидат употребени за лекување и превенција на заразата со овој вирус. Научникот Жанг Линк од Универзитетот Џинхуа во Пекинг вели дека лекот против Ковид-19, кој би бил направен […]

Нобеловецот Левин: Забавува епидемијата на вирусот во Италија и Њујорк


Англија – Угледниот научник од Универзитетот во Станфорд и добитник на Нобеловата награда, Мајкл Левин, вели дека забавува епидемијата на коронавирусот во Италија и во Њујорк. Тоа се двете најзагрозени места во светот во кои се наоѓаат 260.000 од вкупно 750.000 потврдени случаи на заразата. Италија стана епиценатрот на заразата откако Кина успеа да ја совлада […]

Жена одби респиратор: Имав добар живот, приклучете некој помлад


Постара жена почина во Белгија откако одби да биде приклучена на респиратор, порачувајќи дека имала добар живот, а лекарите да му помогнат на некој друг, помлад човек кој се бори со корона вирус. Сузан Хоилертс (90) од Бинком, Белгија им рекла на лекарите да не ја приклучуваат на респиратор. „Не сакам да ме ставите на […]

„Тесла“ ќе испорачува бесплатни респиратори низ светот


Американската компанија за производство на електрични возила и чиста енергија, „Тесла, соопшти дека бесплатно ќе испорачува респиратори и друга потребна опрема за болниците ширум светот во екот на пандемијата на коронавирусот. „Имаме дополнителни респиратори, што ги одобри ФДА. Им ги испорачуваме на болниците ширум светот во регионите на испорака на „Тесла“. Трошоците за уредите и […]

Во Франција пишани 359. 000 казни за непочитување на мерките за ограничување


Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер соопшти дека во првите 15 дена од воведувањето на мерките за ограничено движење во Франција, поради Ковид-19, силите на редот извршиле 5,8 милиони контроли и казниле 359 000 лица, јави дописникот на МИА. -Тоа се контроли за да се заштитат Французите и да се гарантираат мерките за […]

Италија: „Биолошки бомби“ се домовите за нега каде се праќаат пациенти со Ковид 19


Италијанските лекари и синдикати предупредуваат дека владината политика да испраќа пациенти ослободени од болница, но сепак позитивни на корона вирусот во домовите за нега е како подготвување „биолошки бомби“. Со над 28.000 лица во болница, вклучувајќи повеќе од 4.000 на интензивна нега, креветите треба да бидат ослободени што е можно поскоро, а оние кои не […]

Масимо Фавила за „Независен“: Бројот на заразени во Италија е многу поголем од официјалниот


Слободанка Јовановска Бројот на заразени во Италија е многу поголем од тој што се кажува во дневните билтени, вели Масимо Фавила, експерт за епидемиологија, санитарен директор и поранешен раководител на одделот за превенција на регионот Пиемонт.  Според него, здравствениот сектор реагирал на врвно ниво, но бројот на болни истовремено бил зачудувачки неверојатен. „Каков ќе биде […]

Тајван донира 10 милиони маски на земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19


Тајван ќе донира 10 милиони маски за земјите кои се најтешко погодени од новата пандемија на коронавирус, изјави денеска претседателката Цај Инг-Вен. Тајван ќе испрати седум милиони маски во 11 европски земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Германија, кои имаат најголем број на случаи, потврди за ДПА тајванското Министерство за надворешни работи. САД ќе добијат […]