Исчезна докторката што предупреди на корона вирусот


Кинескaта докторка Аи Фен, првата што ги предупреди другите за ширење на вирусот „САРС-како“, исчезна, а се стравува дека е приведена од властите.

Д-р Аи Фен зборуваше за нејзиното откритие и подоцна даде многу интервјуа во медиумите, но потоа молкна.

„Пред само две недели шефот на Итна медицинска помош во Централната болница Вухан излезе во јавноста, велејќи дека властите ја спречиле неа и нејзините колеги да го предупредуваат светот“, се вели во истражувачката  сторија во Австралија, „60 минути“.

Д-р Аи претходно била строго опоменета откако испратила информации за раните фази на појава на болеста на група доктори.

Својата загриженост д-р Аи ја изнесе во сега избришаниот есеј објавен во кинескиот магазин People (Renwu).

Текстот насловен „Оној што ја обезбеди информацијата“, опишува како д-р Аи била замолчена од своите шефови, откако се сликала со резултатите од тестот на пациентот и ги заокружила зборовите „САРС коронавирус“ со црвена боја.

Каде се наоѓа д-р Аи во моментов не се знае, а Вухан постепено се враќа во живот и луѓето треба да се вратат на работа.

Офталмологот Ли Венлианг беше меѓу првите осум лица кои ја споделија фотографијата на д-р Аи. Тој, исто така беше укорен од полицијата и обвинет за ширење „лажни вести“ за предупредување на јавноста за „САРС на пазарот за морска храна во Вухан“ на социјалните медиуми.

34-годишниот лекар почина во раните утрински часови во петокот и покрај обидите за реанимација.

Тројца други лекари кои работеле заедно со него, исто така починале од оваа болест откако се заразиле додека се бореле со корона вирусот.