Австрискиот канцелар за Унгарија: Нема ние демократиите да финансираме полудиктатура


Поддршката за Унгарците во соседните држави е одамнешна политика на Виктор Орбан

Австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер и се закани на Унгарија со укинување пари од ЕУ, поради неодамна донесениот закон за вонредни состојби.

Коглер во интервју за германското списание „Цајт“ изјави дека развојот на настаните во Унгарија не е прифатлив.

-Не е разбирливо да се дадат пари од Унијата на  таква полу-диктатура од другите демократски држави, нагласи тој.

Коглер претходно побара итна акција на ЕУ против Унгарија.