Во Италија денеска починаа 727 лица, најмалку во последнава недела


Според податоците на Цивилната заштита во Италија денеска починале 727 лица (110 помалку од вчера). Со тоа вкупниот број на починати сега е 13.155. Иако бројката е голема, тоа е најмалку во изминатава недела. Но бројот на новозаразени повторно се искачи – 2.937 (вчера беа 2.017). Сега има 80.572 позитивни на корона вирусот. Бројот на излечени е ист како и претходниот ден  1.118 (вчера беа 1.109)