Британскиот амбасадор во САД поднесе оставка
Британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, кој ја критикуваше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе оставка. Освен администрацијата тој жестоко го критикува и претседателот Трамп, нарекувајќи го некомпетентен и неспособен, пренесува „Спутник“. „Не веруваме баш дека оваа администрација ќе стане суштински понормална, помалку дисфункционална, помалку непредвидлива, помалку поделена, помалку дипломатски несмасна и неспособна“, напишал Дерок во еден од …