Во Данска уапсени 28 лица кои возеле тротинети под дејство на дрога или алкохол


Данската полиција уапси 28 лица во Копенхаген поради возење електричен тротинет под дејство на дрога или алкохол.

За време на викендот 24 лица беа уапсени поради возење тротинет под влијание на алкохол, додека други четири лица беа притворени поради возење под влијание на наркотици.

Полицијата за апсењата напиша на Твитер бидејќи многумина се впуштаат во небезбедна употреба на електрични тротинети во главниот град на Данска. Возачите на тротинетите кои биле под влијание на наркотици или алкохол мора да платат парична казна од 2.000 дански круни (околу 270 евра).

Електричните тротинети станаа популарни во Копенхаген бидејќи сообраќајните правила се приспособени за овој вид транспорт да се направи полесен. Може да се изнајми електричен тротинет преку апликацијата и да го паркирате во одредени зони. Но овој тип транспорт честопати е критикуван бидејќи се смета за небезбеден.