(ВИДЕО) Паника во авион: Среде лет се откачи дел од моторот

Една од работите што никако не сакате да ги видите кога гледате низ прозорецот на авионот во кој се возите, сигурно е да видите откачен дел од моторот и оган во неговата внатрешност.

Авионот „мекдоналд даглас 88“, кој е стар 32 години, со мотори позиционирани во близина на опашката, полета од аеродромот „Хартсфилд-Џексон“ половина час попладне и се упати кон аеродромот „Балтимор-Вашингтон интернешнел“.

Еден час по полетувањето, се појави проблем со еден од моторите, а пилотите, за среќа, успеаја принудно да слетаат на аеродромот „Рали-Дурам интернешенел“, при што ниту еден од 148. патници не беше повреден.

Еден од нив сними видео на кое се гледа како откачен дел од моторот се лула пред вентилаторот, додека во внатрешноста се гледа вжарениот мотор.