Гром удри во авион, по што безбедно слета во Орландо


Гром удри во авион кој од Балтимор летал за Сан Хуан во Порторико, поради што е пренасочен на аеродромот во Орландо.

– Авионот со 168 патници и шест членови на екипажот безбедно слета во Орландо, на Флорида, соопштија претставници на американската федерална авијација.

Авионот е испратен на инспекција, а патниците се префрлени во друг авион.

Нема извештај за евентуално повредени лица.