Ким Џонг-ун е во критична состојба по операција на срцето


САД ги следат информациите на тајните служби според кои лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е во критична состојба по операцијата на срцето, објави Си-Ен-Ен. Гласините за неговата здравствена состојба беа поттикнати откако Ким не се појави на одбележување на роденденот на неговиот дедо на 15 април. Тој последен пат е виден на 11 април […]

На папата Франциск не му мириса на добро, одложува настани за 2023 година


Папата Франциск одложи два големи меѓународни настани за Католичката црква поради вирусот корорнарна пандемија, соопшти вчера Ватикан. Светската средба на семејства, што требаше да се одржи во Рим следната година е одложена  до 2022 година. Светскиот ден на младите, кој е закажан за 2022 година во Лисабон, е одложен за 2023 година, објави Ројтерс. И […]

Во САД ги затвораат избирачките места поради вирусот


Изборните службеници низ САД ги елиминираат избирачките места или ја ограничуваат можноста на граѓаните да гласаат лично на претстојните избори во некои држави Изборните службеници низ САД ги елиминираат избирачките места или ја ограничуваат можноста на граѓаните да гласаат лично на претстојните избори во некои држави Во Невада, изборните функционери ќе отворат само едно избирачко […]

Нетанјаху и ривалот Ганц формираа влада


Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и водачот на партијата Сино и бело, Бени Ганц, се согласија за формирање национална влада за вонредна состојба. Најавата, која вклучува временска рамка за потенцијална анексија на делови од Западниот Брег во текот на летото, се чини дека носи крај политичкиот ќор-сокак од повеќе од една година за време на […]

Борел се чуди што Србија не вика фала за помошта од ЕУ


Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел изјави  дека постои „борба на наративи“ на Западен Балкан и дека, на пример, билборди може да се видат на улиците на Белград со благодарност само за Кина за борбата со коронавирусот. – Чудно е што никогаш не сум видел билборд со благодарност за ЕУ за помошта. А, ние им […]

Шефот на СЗО: Најлошото со коронавирусот допрва доаѓа


Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос, Аданом Гебрејесус, предупреди дека најлошото допрва доаѓа во врска со пандемијата на новиот коронавирус. Предупредувањето доаѓа во време кога голем број земји низ целиот свет почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата. Тој не прецизираше зошто верува дека пандемијата, од која се заразени речиси 2,5 милиони луѓе ширум […]

Илјадници војници во карантин, а требаше да бидат на парадата за Денот на победата


Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека наредило илјадници војници да бидат ставени во двонеделен карантин поради коронавирусот, откако беше откажана големата парада на Црвениот плоштад во Москва, по повод Денот на победата. Околу 15.000 војници требаше да учествуваат во парадата на 9 мај за да ја одбележат 75-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во […]

Во хостел за азиланти во Лисабон заразени 138 од 175 лица


Во  хостел во Лисабон во кој се сместени баратели на азил, 138 од 175 лица се заразени со новиот коронавирус. -Сите  од хостелот беа префрлени денеска во централната џамија на тестирање, изјави градскиот советник. Оние кои не се заразени ќе бидат вратени во хостелот, кој во меѓувреме, е деконтаминиран.

Курти бара да не се политизира донацијата од Србија


Претседателот во оставка на владата на Косово, Албин Курти, изјави дека не треба да се политизира тоа што Србија донираше тестови за коронавирусот на Косово. Тој денеска на прес-конференција рече Косово докажало дека не прави разлика меѓу граѓаните по општини, партии, старост, пол, вера и етничка припадност. Курти додаде дека Министерството за здравство и Институтот […]

Во Италија почнаа да се местат лежалки на плажите


Сопствениците на некои плажи во Италија почнаа да ги местат лежалките во пресрет на новата летна туристичка сезона, јави дописникот на МИА. Согласно препораките за физичка дистанца, лежалките и чадорите за сонце се на растојание од три метри, а се направени и посебни коридори за оние кои ќе сакаат да влезат и искапат во море. […]

Годинава може да биде најтопла


Научниците од американската Национална управа за океаните и атмосферата објавија дека има 75 проценти можност 2020 да биде најтопла година во историјата од кога се вршат мерења. Тие наведуваат дека првите три месеци од годинава биле потопли само во 2016 година, кога е забележано силно влијание на Ел Нињо, кој го загрева Пацификот и влијае […]

Нова европска осуда за Виктор Орбан


Европскиот парламент донесе резолуција со огромно мнозинство во која се наведува дека можноста унгарскиот премиер да владее со декрети е „целосно некомпатибилно со европските вредности“   Унгарскиот премиер Виктор Орбан станува сѐ поизолиран во Европа додека многу земји, институции и организации нагласено се дистанцираат од начинот на кој владее тој. Последниот потег го направи Европскиот […]

Прв Австриец излечен со крвна плазма


Австриец на возраст од 36 години од Штаерска е првиот ковид пациент кој е излечен со крвна плазма во Австрија. Според весникот „Клајне цајтунг“, тој еден месец бил на интензивна нега борејќи се за живот. По примената на терапијата со плазма, префрлен е од одделението за интензивна нега и веќе три пати резултатите од тестот […]

Париз навреден од Пекинг


Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриан во интервју за денешното издание на париски „Ле Монд“ појасни дека го повикал кинескиот амбасадор во Франција затоа што персоналот на француските домови за стари лица бил „клеветен“ на интернет страницата на кинеската амбасада во Париз во контекст на кризата со Ковид-19, јави дописникот на МИА. […]

Необичниот пристап дава резултати?


Необичниот пристап на Шведска против новиот коронавирус почнува да дава резултати, изјави шведскиот главен епидемиолог Андерс Тегнел. Тој наведе дека според најновите податови стапката на заразени и на смртност укажуваат дека почнува да се стабилизира ситуацијата. Шведска не ги затвори училиштата, вежбалниците, кафулињата, баровите и рестораните за време на ширењето на епидемијата. Наместо тоа Владата […]

Фон дер Лајен: Ќе најдеме паметни решенија за летните одмори


Белгија– Европјаните ќе најдат „паметни решенија“ кои ќе им овозможат да одат на годишен одмор и покрај пандемијата на коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Мислам дека ќе најдеме паметни решенија за летните одмори. Можеби малку поразлично, со други хигиенски мерки и со малку повеќе физичка дистанца, но ќе биде импресивно да […]

Израелците протестираа против власта оддалечени на два метри


Повеќе од 2.000 Израелци стоеја вчера  на  два метри оддалеченост еден од друг на плоштадот Рабин во Тел Авив  во знак на протест против она што го сметаат за ерозија на демократијата во време на корона вирусот од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху, пренесува Хаарец. Демонстрациите „Црното знаме“, кои започнаа во март, се одговор на […]

Познат бугарски новинар усмртен од џип на семафор


Познатиот ТВ-презентер Милен Цветков почина во сообраќајна несреќа во Софија, јави Нова ТВ.  Според првичните информации, новинарот бил во автомобил и чекал на црвен семафор кога џип се удрил во него со голема брзина. Новинарот се здобил со повеќе повреди и починал на патот кон болницата, јавуваат телевизиите. Околу инцидентот е задржан 22-годишниот возач кој […]

Американците на протест: Забрана за собири со повеќе од 50 луѓе, а се собраа 2.500


Ширум САД во неделата се одржаа протести против мерките за сузбивање на корона вирусот кои подразбираат останување дома. Гувернерите на сојузните држави го оспорија тврдењето на претседателот Доналд трамп дека има доволно тестови за корона вирусот и дека треба брзо да ја отворат економијата. Во главниот град на државата Вашингтон, Олимпја, на улиците излегоа околу […]

Корона вирусот направи масовни умиралишта од домовите за стари лица


Италијанските власти покренаа истрага откако речиси 200 луѓе  починаа во најголемиот дом за згрижување на стари луѓе во Милано.Полицијата ги собра сите  документи поврзани со домот Пио Алберго Тривулзио од седиштето на регионалната влада на Ломбардија, а претходно беа собрани и досиејата од домот за нега од надлежните. Иако нема официјални бројки за тоа колку […]