Ханкок: 80 отсто од дијагностицираните со Ковид-19 немаат симптоми


Велика Британија

Министерството за здравство на Велика Британија соопшти дека 80 отсто од луѓето кои се позитивни на тестот за коронавирус немаат никакви симптоми.

Британскиот министер за здравство Мет Ханкок смета дека 80 проценти од луѓето со позитивен тест не покажуваат знаци на заболување.

Националната служба за статистика на Велика Британија минатата недела соопшти дека 71 отсто од луѓето кои се позитивни на тестот немаат никакви симптоми.

Сепак, Ханкок вели дека бројот на асимптоматски случаи всушност е поголем и може да достигне 80 проценти, објави Скај њуз.

Според Ханкок, ова е едно од најважните откритија за оваа болест.

Како што е наведено, контролата на ширењето на коронавирусот е тешка, бидејќи голем број од заразените не покажуваат симптоми, но сепак можат да ги заразат другите околу себе.