Голем пораст на случаи од корона во повеќе држави на САД


Во државите со зголемен број случаи се зголемува и бројот на починатите

Тексас, Аризона, Јута и Ново Мексико објавија зголемување на бројот на случаите за 40 отсто

 

Околу половина дузина држави, вклучувајќи ги Тексас и Аризона, се борат со зголемен број пациенти со корона вирус кои ги исполнуваат болничките кревети, предизвикувајќи загриженост дека повторното отворање на американската економија може да предизвика втор бран на инфекции.

Берзите се распаднаа во четвртокот поради загриженоста за повторно појавување на пандемијата. Последниот пат кога индексите паднаа толку многу за еден ден, беше во март, кога случаите со корона вирусот во САД започнаа да растат.

Неодамнешниот скок во случаи во околу десетина држави делумно е одраз на зголемено тестирање. Но, многу од овие држави, исто така, гледаат зголемени хоспитализации, а во некои почнува да снемува места во леглата на единиците за интензивна нега.

Тексас веќе три дена по ред бележи рекордни хоспитализации, а во Северна Каролина само 13 отсто од леглата на државните единици за интензивна нега се достапни заради тешки случаи на Ковид-19. Градоначалникот на Хјустон рече дека градот е подготвен да го претвори својот стадион за рагби во доколку е потребно.

Аризона забележа рекорден број хоспитализации – 1.291. Државниот здравствен директор им рече на болниците оваа недела да ги активираат плановите за итни случаи и да го зголемат капацитетот на интензивна нега. Пополнети се околу три четвртини од државните единици.

„Навистина се преминува прагот во Аризона“, рече Џаред Битен, епидемиолог од Универзитетот во Вашингтон. „Алармантна работа ќе биде ако бројките започнат да растат на места што веќе јасно достигнаа врв и се во нивно опаѓање“, рече тој, осврнувајќи се на Њујорк и другите североисточни држави каде паѓа бројот на нови случаи и починати.

Здравствените експерти се загрижени дека може да има натамошен пораст на инфекции од протестите на национално ниво поради расната неправда и полициската бруталност што ги спои луѓето заедно пред две недели.

Аризона, Јута и Ново Мексико објавија пораст во нови случаи од 40 отсто или повеќе за неделата што заврши на 7 јуни, споредено со претходните седум дена, според анализата на Ројтерс. Новите случаи се зголемија во Флорида, Арканзас, Јужна Каролина и Северна Каролина за повеќе од 30 проценти во изминатата недела.

Д-р Ентони Фаучи, највисок службеник во САД за заразни болести, вели дека повеќе случаи се неизбежни бидејќи се укинуваат ограничувањата.

Дури и ако болниците не се преоптоварени со случаи на корона вирус, повеќе хоспитализации значат повеќе смртни случаи во наредните недели и месеци.

Бројот на смртни случаи во коронавирус во САД сега е над 113,000, далеку од најмногу во светот. Оваа бројка може да надмине 200.000 во одреден момент во септември. (Ројтерс)