Сопругата на украинскиот претседател позитивна на корона


Олена Зеленска, сопруга на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на Фејсбук објави дека била тестирана позитивна на корона вирусот. Нејзиниот сопруг и двете деца биле негативни.

„Денеска јас добив позитивен тест на корона вирусот.

Неочекувана вест. Особено што јас и моето семејство се придржуваме до сите правила – маски, нараквици, минимум контакти“, напиша таа на Фејсбук.

Зеленска додава дека се чувства добро, не е хоспитализирана, но е изолирана од нејзиниот сопруг и децата.

Украина досега пријави 29.753 случаи од Ковид-19, вклучувајќи и 870 починати.