Руска академија на науките: Ситуацијата со Ковид-19 е непредвидлива


Ситуацијата со новиот корона вирус во Русија и понатаму е непредвидлива, предупреди претседателот на Руската академија на науките, Александер Сергејев, додавајќи дека фактот што стапката на смртност се уште не се намалува, предизвикува сериозна загриженост. – Ситуацијата е многу непредвидлива ако се земе предвид развојот на епидемијата. Првиот пристап кон ублажување на мерките на карантин […]

Италијански мафијаши примале помош наменета за најсиромашните


Стотина мафијаши, членови на калабриската група „Ндрангете“, побарале и добиле социјална помош наменета за најсиромашните граѓани на Италија, кои сега ќе треба да ги вратат, соопшти италијанската полиција. Според калабриската полиција, меѓу 101-те мафијаши кои добиле помош, има и многу богати луѓе блиски до „кумот“ на „Ндрангете“ кои имаат висока хиерархиска должност во организацијата. Меѓу […]

Секој 20-ти давател на крв бил заразен пред првиот случај


Секој дваесетти дарител на крв во Милано развил антитела на Ковид-19 пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крајот на февруари. Анализата на поликлиниката во Милано потврди дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога е утврден првиот позитивен случај на корона вирус, објави Кориере дела сера. Истражувањето, со кое се опфатени 800 […]

Напад во трговски центар во САД: Пукал во луѓе и пренесувал во живо на социјални мрежи


  Тројца луѓе се ранети во напад во американски трговски центар, а напаѓачот пукал во луѓе и во живо пренесувал на сцијалната мрежа Снепчет. Breaking: Police confirm at least 3 people injured after shooting at Westgate Entertainment District in Glendale, Arizona. The power is out in the area. The shooter reportedly streamed the incident on […]

Бразил: Рекордни 20.000 новозаразени со Ковид-19 за еден ден


Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани речиси 20.000 нови случаи на зараза со корона вирус, што е рекорден број заболени лица за едно деноноќие во таа земја. Потврдени се и 888 нови смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство. Досега во Бразил вкупно заразени со Ковид-19 се 291.579 луѓе, а починати речиси 19.000 […]

Супертајфунот Амфан во Индија и Бангладеш однесе најмалку 14 животи


Силен циклон ги погоди Индија и Бангладеш и уништи илјадници домови, а најмалку 14 луѓе загинаа, објавија властите, додека акциите за спасување ги отежнува пандемијата од корона вирус. Циклонот Амфан денеска најтешко ја погоди индиската сојузна држава Западен Бенгал. Циклонот од Бенгалскиот залив стигна на копното со брзина од 185 км/ч, а нивото на морето […]

Пукнаа две брани во САД, евакуирани 10.000 луѓе од катастрофалната поплава


  Околу 10.000 луѓе се евакуирани во централниот дел на Мичиген, во САД, откако пукнаа две брани, а поради поплавата прогласена е вонредна состојба. По втор пат за помалку од 24 часа на семејствата во Мидленд им е наложено да се евакуираат, а водата утрово порасна за неколку метри и ги преплави улиците на градот. […]

Студии: Излекуваните од Ковид-19 развиваат имунитет


Две студии спроведени на мајмуни кои денеска се објавени, даваат некои од првите научни докази дека оние кои се излекувани од Ковид-19 можат да развијат имунитет од повторна инфекција, што е позитивен знак дека вакцините на кои се работи можат да бидат успешни, изјавија американски истражувачи. Во една од новите студии истражувачите заразиле девет мајмуни […]

СЗО: Во последните 24 часа регистрирани најмногу новозаразени од почетокот на пандемијата


Во последните 24 часа во светот се регистрирани 106.000 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е најголем дневен пораст на заразени од почетокот на пандемијата. Ова денеска го соопшти генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој додаде дека две третини од тие случаи се регистрирани во четири земји.

Десетици училишта во Јужна Кореја повторно затворени поради ученици заразени со корона вирусот


Училиштата во јужнокорејскиот град Инчон повторно се затворени откако двајца ученици биле позитивни на корона вирусот. Десетици училишта во градот западно од Сеул повторно се затворени, само еден ден откако беа отворени. Училиштата во кои учеле заразените ученици веднаш ја откажале наставата, а 66 училишта во градот биле отворени и затворени во рок од два […]

ЕК издвои дополнителни хуманитарни средства за борбата против корона вирусот


Европската Комисија издвои уште 50 милиони евра за хуманитарна помош во борбата против пандемијата на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел. Овие средства ќе одат приоритетно за Централноафриканската република, Сахел, источна Африка, Сирија, Јемен, палестинските власти, Венецуела како и заедницата на Рохинџите, односно за најранливите лица во овие делови од светот, кои се и […]

Еден отсто од смртните случаи од Ковид-19 во Франција се случиле дома


Смртни случаи во домашни услови претставуваат еден отсто од вкупно починатите од новиот коронавирус во Франција, според првичните проценк, објавени денеска од јавната здравствена агенција „Санте публик Франс“, која ќе даде конечна проценка до јуни, јави дописникот на МИА. -Според нашите првични сознанија, смртните случаи дома претставуваат еден отсто од смртните случаи на Ковид, но […]

Белгија потврди истрага за шпионажа на институциите на ЕУ


Белгиските разузнавачки служби покренаа истрага, по извештаите дека Кина ја користи канцеларијата на Малта, лоцирана покрај седиштето на Европската комисија, за прислушување на институциите во Брисел. Портпаролот на белгиската државна служба за безбедност изјави дека е покрената истрага откако францускиот весник „Ле Монд“ соопшти дека се сомнева во шпионажа. Истрагата беше покрената откако британските агенти […]

Експериментална вакцина од компанијата „Иновио“ произведува заштитни антитела кај глувци


Американската компанија за имунотерапија „Иновио Фармасјутикалс“ објави денеска дека нејзината експериментална вакцина за спречување инфекција на новиот корона вирус, покажала дека се произведуваат заштитни антитела и реакции на имунолошкиот систем кај глувци и заморчиња. – Видовме реакции на антитела што прават многу работи што би сакале да ги видиме во можната вакцина , истакна д-р […]

Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус


Русија– Во Русија во моментов се работи на тестирање на 47 вакцини против новиот коронавирус, изјави денеска руската вицепремиерка Татјана Голикова. – Откривањето на инфекции со коронавирус е важен аспект на овие активности. На 14 платформи се работи на вкупно 47 вакцини. Очекуваме некои да дадат опипливи резултати, рече Голикова пред Советот на Федерацијата, горниот […]

Позитивни резултати од нов дијагностички тест финансиран од ЕУ


Европската Комисија соопшти дека еден од проектите што ги финансира во рамките на борбата против коронавирусот веќе дава позитивни резултати, а станува збор за брз дијагностички тест, јави дописничката на МИА од Брисел. Тестот под име „ХГ нКоВ19„ е еден од осумнаесетте проекти финансирани од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и е […]

Дачиќ: Србија ги отвора границите, чека одговор од соседите


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија ќе ги отвори своите граници со Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија од 1 јуни, но дека официјален Белград чека потврда од тие земји дали нивните граници ќе бидат отворени за српските граѓани. -Нивните граѓани ќе можат да влезат во Србија, но […]

Рекорден број на смртни случаи од Ковид-19 во Русија


Во изминатите 24 часа во Русија, од последици од Ковид-19 починаа 135 лица, што е најголем број починати од почетокот на епидемијата во таа земја. Здравствените власти информираа за вкупно 2.972 смртни случаи, додека бројот на заразени се искачи на 308.705 лица, откако во последното деноноќие беа регистрирани 8.764 нови случаи, што пак е најниско […]

Париз повика на поголема европска координација при повторното отворање на границите


Франција повика на „поголема координација“ при повторното отворање на внатрешните граници на ЕУ, во момент кога држави-членки најавија такви потези во пресрет на летната туристичка сезона, јави дописникот на МИА. -Постои итна потреба да се координираме, и тоа ќе биде моја порака попладнево за време на видео конференција на европските министри за туризам, рече францускиот […]

Бајден откри каков прекар му дал на Трамп


Кандидатот на Демократите за претседател на САД Џо Бајден го откри прекарот кој го смислил за неговиот главен ривал – сегашниот американски претседател, велејќи дека Доналд Трамп е „претседател Твити“, алудирајчи на името на малата жолта птица од цртаните филмови, но и на честите твитови на Трамп на Твитер, пренесуваат американските и британските медиуми. Само […]