Германската „Корона апликација“ преземена 15 милиони пати

Германската „Корона апликација“, три недели по објавувањето, е преземена 15 милиони пати, соопшти Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).

Апликацијата „Corona Warn-app“ треба да помогне да се следи заразата, со цел нејзино прекинување.

Покрај тоа, треба да помогне граѓаните кои се тестираат да го добијат резултатот од тестот што е можно побрзо.

Преку апликацијата, можно е и анонимно да се предупредат евентуални контакти за заразата, доколку имаат инсталирана програма, чиј развој беше поттикнат од Владата и кој се смета за важна алатка во натамошната борба против коронавирусот. паг/

2020-07-06 15:59:31, од Пандорка Арсовска-Гацова