Хрватска: Бернардиќ поднесе оставка по неуспехот на изборите


Претседателот на Социјалдемократската партија на Хрватска Давор Бернардиќ денеска поднесе оставка по изборниот дебакл на Рестарт коалицијата на таа опозициска патија.

Бернардиќ на прес-конференција, по седницата на Претседателството на СДП, рече дека за лидер на партијата ќе бидат распишани избори и дека тој нема да се кандидира.

– До изборите, вршител на должноста претседател на СДП ќе биде Златко Комадина, рече Бернардиќ.

Според се уште неофицијалните резултати од изборите, коалицијата „Рестарт“ освои 41 место во хрватскиот парламент, иако предизборните анкети укажуваа дека ќе биде релативен победник.