Бундесверот обучува кучиња да препознаваат корона вирус


Германската армија почна со обука на службени кучиња за откривање на инфекција со корона вирусот.

Бундесверот и Фондацијата на ветеринарната висока школа (TiHo) од Хановер во моментов ја тестираат можноста кучиња да бидат обучени за откривање на корона вирусот.

Во проектот се користат германски овчар, Кокер шпаниел и ретривери.

Се поаѓа од тоа дека кучињата можат, врз основа на молекуларен состав на некој мирис, да препознаат не само експлозиви, или дроги, туку и разни заболувања како карцином и дијабетес.

Врз основа на тоа, создаден е проект за откривање на корона вирусот од страна на службени кучиња.

– Со квота од околу 80 проценти, научниците во Улмен моментно се на најдобар пат успешно да го продолжат овој проект, соопшти воената школа за обука на кучиња.

Кучињата во моментов се обучуваат на тестови со плунка од заразени лица, на кои вирусот хемиски е направен безопасен.

По успешното заклучување на таа прва фаза, следната фаза е тестирање на откривање на активен корона вирус во човечка плунка.

– Тоа мора да се спроведе под други услови, затоа што мора да бидеме сигурни никој да не се зарази со високозаразните тестови, изјави шефот на проектот, Паула Јендрни.