Американците најнесреќни во последните 50 години


Резултатите од истражувањето на Универзитетот во Чикаго покажува дека луѓето во САД се најнесреќни во последните 50 години. Само 14 отсто од анкетираните Американци изјавиле дека се многу среќни, додека нивнииот процентво 2018 година изнесувал 31. На прашањето дали често или понекогаш се почувствувале изолирано во последните неколку недели, 50 отсто од испитаниците позитивно одговориле, […]

Се уште е активна мрежата за дезинформации поврзана со Кремљ


– Операцијата за дезинформации на социјалните медиуми, поврзана со Кремљ, која се обиде да се меша во изборите во САД во 2016 година, продолжува да дејствува и да ги дели и дискредитира западните демократии, се наведува во  анализата на публикациите на социјалните медиуми на њујоршката аналитичка компанија „Графикс“ (Graphics). Операцијата наречена „Секундарна инфекција“ (Secondary Infektion) […]

Во пораст бројот на починати од Ковид-19 во Италија


Во Италија од корона вирус денеска починаа 34 пациенти, што е за осум повеќе од вчера, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита. Сепак, падна бројот на новозаразени, па така регистрирани се 210 нови случаи, за разлика од понеделникот кога имаше 303, пренесува Ројтерс. Од избивањето на епидемијата во Италија, на 21 февруари, починаа 34.405 лица, […]

Вакцината ќе штити од корона една година: Првите дози порано од очекуваното


Вакцината против вирусот корона која е во завршна фаза од развојот, ќе штити од Ковид-19 една година, соопшти компанијата АстраЗенека која во моментот прави испитувања заедно со универзитетот Оксфорд. Во тек се испитувања на луѓе, а додаваат дека доколку се покажат успешни, ќе бидат произведени две милијарди дози, пренесе Скај њуз. Извршниот директор на АстраЗенека, […]

Во САД само во старските домови починале повеќе од 50.000 лица од Ковид-19


Бројот на смртни случаи од корона вирус во домовите за стари и изнемоштени лица во САД изнесува 50.919 лица, пишува „Волстрит џурнал“. Според весникот, во домовите за стари лица во САД се регистрирани повеќе од 250.000 заразени со Ковид-19, како меѓу штитениците, така и меѓу персоналот. Ако овие податоци се споредат со вкупниот број на […]

(Видео) Судири за време на протест на здравствените работници во Париз


Полицијата во Париз денеска употреби солзавец, со цел да спречи немири за време на протестот на здравствените работници во центарот на градот. Протестите се одржаа пред зградата на Министерството за здравство, а демонстрантите бараат да им бидат зголемени платите и намалени работните обврски. Протестот се случува во момент на национални консултации околу реформите во здравствениот […]

Трудо: Канадско-американската граница останува затворена до 21 јули


Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска објави дека Канада и САД се согласиле да ги продолжат рестриктивните гранични мерки за уште 30 дена, до 21 јули. – Тоа е одлука која ќе ги заштити луѓето од двете страни на границата, додека ние ја продолжуваме борбата против Ковид-19, рече Трудо. Канадско-американската граница требаше да биде отворена во […]

Во Франција протести на медицинскиот персонал


Франција– Неколку илјади лекари, медицински сестри и негуватели денеска се собираат во градови во Франција, барајќи повеќе средства за јавните болници и целиот здравствен систем, како што вети претседателот Емануел Макрон во епидемијата на новиот коронавирус. По повик на десетина синдикати, во текот на денот се планирани 220 протестирани митинзи во обид да ја потсетат Владата […]

Африканските земји бараат истрага за расизмот во САД и во светот


Африканската група земји во Советот за човекови права на Обединетите нации подготви нацрт-резолуција, со која, доколку се донесе документот, ќе побара меѓународна истрага во врска со систематскиот расизам врз Африканците и луѓето со африканско потекло во САД и другите делови на светот. Иницијативата доаѓа по неодамнешните убиства на Афроамериканците во САД, а нацрт-резолуцијата може да […]

Цела зграда во карантин во Берлин по откривањето 54 заразени


Повеќе стотина станари во една зграда во Берлин се ставени во карантин, откако најмалку 54 од нив биле позитивни на тестот на коронавирус, соопшти денеска градската управа. – Досега се откриени 54 случаи на зараза, но и понатаму вршиме тестирање. Тоа е во секој случај  нова димензија кога станува збор за ширење на заразата, истакна […]

По 24 дена, два нови случаи на корона вирус во Нов Зеланд


Нов Зеланд пријави први нови случаи на корона вирус по 24 дена, а се работи за две жени кои пристигнале од Велика Британија за да посетат родител на смртна постела. Тие пристигнале во Нов Зеланд на 7 јуни преку Доха и Бризбен и биле изолирани во Окланд, каде што пред да бидат тестирани, добиле специјална […]

Дојава за бомба во суд во Словачка, прекинато судење на поранешен градоначалник


Сите судови во Словачка добија дојава за бомба, потврди портпаролката на регионалната полиција за агенцијата ТАСР. Дојава за бомба го прекина судењето на поранешниот градоначалник на општината Марјанка во округот Братислава, Радован Ј., кој е обвинет за корупција, а што се одвива во Специјализираниот кривичен суд во Бањска Бистрица. Ова е трета дојава за бомба […]

Ѓукановиќ не ја прашува опозицијата кога да организира избори


Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ за денеска закажа консултации со партиите за датумот на парламентарните избори, но ниту една опозициска партија, па дури ни Социјалдемократската партија, нема да одговори на неговата покана, пишува подгоричкиот весник „Вијести“. Се очекува по денешните консултации Ѓукановиќ во наредните денови да ги распише парламентарните избори, а некои медиуми, повикувајќи се на […]

Трамп тврди дека Германија должи милијарди на НАТО


Американскиот претседател Доналд Трамп го критикува својот сојузник во Европа, Германија, поради наводни долгови кон НАТО и за Северен тек 2, пренесуваат германските медиуми. Трамп повтори дека има намера да повлече 10.000 американски војници од Германија. – Од Германија веќе со години недостигаат уплати и таа должи милијарди долари на НАТО и тоа мора да […]

Трамп најави трипати поголем предизборен митинг од планораниот


Американскиот претседател Доналд Трамп, кој планира голем предизборен митинг во Тулса, Оклахома, ги отфрли апелите за откажување на митингот поради ризик од Ковид-19 и најави трипати помасовен настан од планираното. – Имаме сала со 22.000 места, но мислам дека ќе ја користиме и соседната конгресна сала, во која можат да бидат сместени 40.000 луѓ“, изјави […]

Историчари од поранешна СФРЈ се договорија историјата да не се користи за политички цели


Историската наука ја злоупотребуваа политичарите, медиумите, многу интересни групи, но и самите историчари. Историскиот ревизионизам се применува за да се одржат старите и да се создадат нови митови, да се зајакнуваат стереотипите, да се развивааат предрасудите и омразата кон соседите. Ова е дел од содржината на Декларацијата – Да ја одбраниме историјата, која беше промовирана викендов во […]

Русија: Речиси 550.000 заразени


Бројот на заразени од корона вирус во Русија се приближува до 550.000. Во Русија последните 24 часа се забележани нови 8.248 случаи со Ковид-19, соопшти денеска Кризниот штаб задолжен за борба против корона вирусот. Од Ковид-19 починаа уште 193 пациенти, со што вкупниот број се искачи на 7.284, пренесе Тас. До сега оздравеа 294.306 луѓе, […]

Полицајци во Њујорк итно во болница: Затруени со избелувач


Тројца полицајци во Њујорк примени се во болница откако им биле послужени шејкови кои наводно содржеле токсична материја во популарен ресторан за брза храна. Полицајците биле задолжени за смирување на протестите. Веста за инцидентот почна да се жири на социјалните медиуми, а подоцна ја потврди и полицијата. Се наведува дека токсичната материја најверојатно е избелувач, […]

Министерот за здравство на Њу Делхи хоспитализиран поради треска


Министерот за здравство на Њу Делхи е примен во болница поради „ненадеен пад на кислородот“ и треска, соопшти неговиот кабинет преку Твитер. Министерот Сатјандар Јаин присуствувал на состанок каде бил и министерот за внатрешни работи Амит Шах и министерот во градската влада Арвинд Кајривал, јави Би Би Си, додавајќи дека кајривал е негативен на Ковид-19, […]

Директорката и заменичката на „Гласот на Америка“ поднесоа оставки


  Директорката на „Гласот на Америка“ Аманда Бенет и нејзината заменичка Сенди Шугавара поднесоа оставки во понеделникот. Како причина наведоа дека новоименуваниот директор на Американската агенција за глобални медиуми Мајкл Пек, кој ја надгледува работата на „Глас на Америка“ има право да ги замени со сопствени кадри. Бенет и Шугавара, искусни новинарки, го водеа „Гласот […]