Жена загина од луда железница во Франција – не е прв пат


 

Една жена загина откако испадна од вагон во забавен парк во департманот Оаза на северот на Франција.

Во соопштението од паркот „Сен Пол“ се вели дека несреќата се случила во саботата околу 13.45 часот, пренесе Си-ен-ен.

Жената испаднала од возот додека се возела на брзата железница „Формула 1“.

Веднаш стигнале итните служби, но не успеале да ја спасат 32-годишната жена, која загинала на местото на несреќата.

На истиот воз во 2009 година, се случил уште еден смртоносен несреќен случај, потврди директорот на тој парк.

„Формула 1“ е една од атраквиите во паркот каде има 45 луди железници.