ЕУ инвестира 75 милиони евра за развој на вакцина против Ковид-19


Белгија – Европската Унија преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе даде заем од 75 милиони евра за развој на вакцини, меѓу кои и вакцината против Ковид-19 преку фармацевтската фирма КјурВак, јави дописничката на МИА од Брисел.

Заемот на ЕИБ има за цел да ја помогне изградбата на нова локација за производство во Германија. Досега Банката помогнала со над 300 милиони евра инвестиции за вакцини и третмани против Ковид-19, потсети Европската Комисија.

Првите резултати од истражувањата кои се спроведуваат во овој период се очекуваат наесен, најави КјурВак, и се надева дека до крајот на оваа година повеќе илјадници луѓе би требало да бидат вакцинирани.