Повеќе од 900 сексуални злосторници „исчезнале“ во Велика Британија


Повеќе од 900 сексуални злосторници „исчезнале“ од полицискиот радар, а за многумина се претпоставува дека го прикриле идентитетот со промена на имињата, без да им пријават на властите, објави Скај њуз. Регистрираните сексуални злосторници имаат обврска да и пријават на полицијата доколку го сменат името и презимето, што досега го направиле повеќе од 1.300 престапници. […]

Загатката во седиштето на ЦИА останува нерешена 30 години


САД – Во седиштето на американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА има скулптура на која е впишана тајна шифра. Со неа врвни криптолози се занимаваат веќе со десетлетија. Кон крајот на 1980-тите, уметникот Џејмс Санборн добил задача да направи скулптура што ќе биде изложена во седиштето на ЦИА во Ленгли, Вирџинија. Знаејќи дека разузнавачките службеници ќе […]

Недоверба во францускиот претседател и вакцините


На денот на Републиката, 14 јули, францускиот претседател Емануел Макрон, одлучи првпат да ја следи традицијата на своите претходници и во директен пренос да одговори на прашања од двајца новинари. Гледаноста беше огромна, но политичкиот резултат беше лош. Според анкетите на јавно мислење објавени од весникот Ле Фигаро, претседателот не беше убедлив, што го потврдува […]

Кина ја презеде контролата врз американскиот конзулат во Ченгду


Знамето на САД е спуштено во американскиот конзулат во Ченгду, пред кинеското министерство за надворешни работи да објави дека дипломатскиот пост официјално е затворен во 10 часот. Кина во петокот нареди затворање како одговор на наредбата на Вашингтон да се затвори кинескиот конзулат во Хјустон. Полицијата во Ченгду го ограничи пристапот до областа околу конзулатот […]

Од денеска за влез во Австрија е потребен задолжителен ПЦР тест


Aвстрија – Во Австрија на полноќ стапија во сила новите мерки за влез во земјата од таканаречените ризични региони, во кои спаѓаат и сите земји од Западен Балкан. За граѓаните на Австрија, ЕУ, Европската економска заедница, Швајцарија, како и сите државјани на трети земји кои живеат во Австрија, кога се враќаат од регионите со ризик, според […]

Ураганот Хана го погоди брегот на Тексас, го урна ѕидот меѓу САД и Мексико


САД – Ураганот Хана вчера го погоди брегот на Тексас, уривајќи електрични столбови и делови од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико. Невремето беше проследено со поројни дождови и силни ветрови во целиот регион. Хана во саботата доцна навечер пристигна до американскиот брег, во близина на островот Падер, како ураган од прва категорија на петстепената […]

Анкета: На 100 дена до изборите Американците мислат дека земјата оди во погрешен правец


САД– На точно 100 дена пред претседателските избори во ноември повеќето Американци мислат дека САД одат во погрешен правец, отколку во било кој момент претходно за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, покажува новата анкета на Асошиетед прес и НОРЦ Центарот за јавно истражување. Според резултатите од истражувањето, начинот на кој претседателот се бори против […]

Во карантин 480 сезонски работници на имот во Баварија


Германија – Најмалку 174 сезонски работници на еден имот во Баварија се заразени со коронавириус, поради што околу 480 лица се ставени во карантин. Претходно работниците на земјоделскиот имот во Маминг, од кои поголемиот број се од источниот дел на Европа, се тестирани, а потоа заразените биле одвоени од останатите. Надлежните служби во Баварија вршат контрола […]

Мас: Германија го одби предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г7


Германија– Германија го отфрли предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да се покани рускиот претседател Владимир Путин на средбата на Групата седум најразвиени земји (Г7), изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас. Русија беше исклучена од Г7 во 2014 година, по анексијата на Крим, а Трамп минатиот месец предложи Г7 повторно да се прошири, […]

САД двојно ги зголемија инвестициите во вакцината на компанијата „Модерна“


САД– Американската Влада двојно ги зголеми, на речиси една милијарда долари, инвестициите за развој на потенцијалната вакцина против Ковид-19 на американската компанија „Модерна“, која влегува во последна фаза на клиничко испитување. „Модерна“ во април доби 483 милиони долари кога изработката на вакцината била во почетна фаза, а американската Федерална агенција за фармацевтска технологија сега се […]

Белорусија: Три жени застанаа заедно против Лукашенко


Светлана Тихановска, Марија Колесникова и Вероника Цепкало се обединија за да го соборат од власт Александар Лукашенко на изборите на 9 август   Три жени ја водат главната опозициска кампања за претседателските избори следниот месец во Белорусија, трансформирајќи ја политиката на земјата додека се обидуваат да го соборат Александар Лукашенко, кој владее веќе 25 години. […]

Латинска Америка ги надмина САД и Канада по бројот на случаи на коронавирус


Бројот на случаи на коронавирус во Латинска Америка денеска, по првпат го надмина вкупниот број на инфекции во САД и Канада, како резултат на зголемувањето на инфекциите во Бразил, Мексико, Перу, Колумбија и Аргентина, покажуваат податоците. Брзорастечкиот број случаи ја прави Латинска Америка регион кој е најпогоден од глобалната пандемија, со 26,83 проценти од светскиот […]

Ел Паис: Вистинскиот број на починати од Ковид-19 во Шпанија веројатно е за 60 отсто поголем


Вистинскиот број на луѓе кои починале од Ковид-19 во Шпанија би можел да биде речиси 60 проценти повисок од официјалните 28.432, судејќи според истражувањето објавено во „Ел Паис“. Во Шпанија, официјалниот број на смртни случаи од Ковид-19 ги вклучува само оние пациенти кај кои болеста формално била потврдена со тестирање, но не и оние случаи […]

Најавата за повлекување на Полска од Истанбулската конвенција го загрижува Советот на Европа


„Истанбулската конвенција“ е првиот наднационален правен инструмент за утврдување на законски обврзувачки стандарди за спречување на родовото насилство. Советот на Европа, во чии рамки е изработена и се спроведува оваа европска конвенција, денеска изрази загриженост по намерата на Полската националистичка конзервативна влада да се повлече Истанбулската конвенција. Ова, според генералната секретарка на Советот на Европа […]

Рекорд во Албанија: од 504 тестирани 124 новозаразени


Во Албанија забележан е нов негативен рекорд на позитивни случаи со Ковид-19 во едно деноноќие, од почетокот на пандемијата, во почетокот на месец март. Според Министерството за здравство и социјална заштита од направен 504 тестови во последното деноноќие регiстрирани се 126 новозаразени, што е највиска бројка до сега. И понатаму Тирана останува главното жариште на […]

Вучиќ сака да купува ловци-бомбардери


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека се започнати „одредени иницијативи“ за зајакнување на српските воздушни сили, особено бомбардерската компонента. Тој рече дека ќе се зајакне капацитетот на противвоздушната одбрана. „Во голема мерка ја обновивме бомбардерската авијација, денес имаме 10 ‘орли’, исто така имаме „супер галеби Г-4’ што можеме да го користиме во тие […]

Србија: Рекорден број заразени – 467, починаа осум лица


Во последните 24 часа во Србија, осум лица официјално починаа од последиците на корона вирусот, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 534. Починаа шест мажи и две жени. Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 10.381 лица за корона вирус, а регистрирани се 467 нови случаи. На респиратори има 169 […]

Германските власти предупредуваат: Вториот бран од коронавирусот е тука


Германија – Со секојдневното зголемување на бројот на заразени лица со коронавирус, во германската јавност сè повеќе се слушаат предупредувања дека вториот бран на епидемијатаја погоди таа земја, а загриженост изрази и државниот институт за заразни болести. – Вториот бран на коронавирус е веќе тука. Тоа се случува секој ден. Сега секој ден имаме жаришта на […]

Новата француска подморница „Суфрен“на нуклеарен погон се очекува во Тулон


Франција– Новата француска подморница за напад на нуклеарен погон„Суфрен“ се очекува да пристигне во матичната воена база во Тулон, настан кој е од големо значење за француската доктрина на нуклеарна дисуазија (одвраќање), но кој поминува скоро незабележано, јави дописникот на МИА. „Суфрен“ е првата од шесте француски подморници од класата Баракуда, која е изградена во […]

Италија може да очекува нов бран на вирусот од август


Италија би можела да се соочи со нов бран на пандемијата од Ковид-19 веќе од август, а не како што се најавува од септември или октомври. На ова предупредува професорот Андреа Крисантини, микробиолог од Универзитетот во Падова. Тој е автор на успешниот модел на ограничување на ширењето на корона вирусот, таканаречен модел „Венето“, кој се […]