Грците се плашат од ковид, масовно му веруваат на Мицотакис


По отворањето на границите, 64 отсто од Грците се многу (34 проценти) или доста (30 отсто) загрижени за епидемијата на Ковид-19, според новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на политичката сцена во Грција, предност од 19 отсто има […]

Германски виролог: Ќе има и трет бран


  Германскиот виролог Хендрик Штрек, смета дека ќе дојде и до втор и до трет бран од Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее до корона вирусот. Штрек, во една јавна ТВ емисија, рече дека очекува брз развој на вакцина. Во блиска иднина тој не глед апродор во развој на вакцина, и покрај […]

Рекордни бројки новозаболени од Ковид-19 во Токио, Индија и Мексико


Во последното деноноќие Токио, Индија и Мексико изброија рекордни бројки новозаболени од корона вирус. Во последните 24 часа во Мексико се регистрирани 7.280 нови случаи на корона вирусот, што е нов рекорд по бројот на пациенти за еден ден, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата. За еден ден е регистриран и рекорден број на […]

Меркел: После оваа криза, картите повторно ќе бидат измешани


Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика Европејците на храбар реформски курс со цел посилни да излезат од кризата со коронавирусот. – Помошта што не е поврзана со реформите и насочувањето кон иднината нема да помогне на крајот, рече Меркел пред состанокот со холандскиот колега Марк Руте. Таа синоќа истакна дека „светот не спие“. – После […]

На полноќ крај на вонредната санитарна состојба во Франција


Ноќеска на полноќ  Франција излегува од вонредната санитарна состојба, но тоа не значи дека државата ја напушта можноста за силни и строги мерки против новиот коронавирус, јави дописникот на МИА. Излегувањето од вонредната состојба беше изгласано од Парламентот на 4 јули, но законот што ја опфаќа таа нова фаза не се откажува од  сите мерки […]

Хонг Конг ги затвори сите училишта поради новозаразени со Ковид-19


Бирото за образование на Хонг Конг денеска објави прекин на работата на сите училишта од понеделник по пик на новозаразени со Ковид-19 што ги разгоре стравувањата за ширење. Училиштата во азискиот финансиски центар во најголем дел се затворени од февруари, при што многумина се префрлија на учење преку интернет и лекции преку конференциски повик. Многу […]

Австралија ќе го ограничи бројот на граѓани кои можат да се вратат во земјата


Австралија секоја недела ќе го преполови бројот на граѓани на кои ќе им биде дозволено да се вратат дома од странство, изјави австралискиот премиер Скот Морисон. Во државата Викторија во последните 24 часа регистрирани се 288 нови случаи на коронавирусот што е рекордно дневно зголемување за кој било дел од земјата од почетокот на пандемијата. […]

СЗО испраќа експерти во Кина да го утврдат потеклото на корона вирусот


Експерти на Светската здравствена организација (СЗО) ќе ги поминат следните два дена во Пекинг за да ги постават темелите за поголема мисија за истражување на потеклото на коронавирусот во Кина. Ветеринар и епидемиолог ќе се обидат утре и задутре да ги утврдат обемот и задачите на идната мисија во Пекинг, со што ќе се утврди […]

Стотици заразени пациенти со новиот коронавирус ги напуштија болниците во Романија


Романија–   Стотици романски пациенти заразени со новиот коронавирус ги напуштија болниците по судската одлука против задолжително хоспитализирање, откако Парламентот одлучи да донесе нов закон со кој се наметнува изолација, во време на пораст на инфекции. Пратениците гласаа за новиот закон што предвидува кога луѓето можат да бидат ставени во карантин или да се бара самоизолација. Законот […]

Рио ќе ги отвори плажите кога ќе се најде вакцина против коронавирусот


Бразил– Популарните плажи во Рио де Жанеиро официјално ќе бидат отворени за пливачите дури кога ќе се најде вакцина против коронавирус, изјави градоначалникот Марсело Кривела. Во моментов, плажите во Рио се отворени за вежбање и спортови на вода, иако во последните неколку викенди правилата честопати беа прекршени. Многумина не носат маски и ги кршат правилата […]

Макрон бара обнова на „Нотр Дам“ во согласност со претходниот изглед


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека зашилената кула на катедралата Нотр Дам, што изгоре во пожар во април 2019 година и другите оштетени делови на познатата париска црква треба да бидат обновени во согласност со претходниот изглед на зданието, изјави извор од Елисејската палата, јави ДПА. Претходно, Макрон посочи дека распаднатата кула од 19 […]

Во САД за еден ден над 65.000 заразени со Ковид-19


САД– Соединетите Американски Држави регистрираа 65.551 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е нов мрачен рекорд за 24 часа, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Земјата, која е најтешко погодена од пандемијата во светот, има повеќе од 3 милиони луѓе заразени и 133.195 смртни случаи. Претходниот дневен рекорд беше во вторникот, кога за еден ден […]

Вработен во прес-службата на Меркел наводно шпионирал за Египет


Германија– Маж кој работел во прес-службата на германската канцеларка Ангела Меркел е осомничен дека шпионирал за Египет, соопшти локалната полиција. Полицијата презела „вонредни мерки“ против човекот уште во декември 2019 година, откако било утврдено дека тој „со години работел во египетската разузнавачка служба“, се вели во извештајот. Истрагата е во тек.  

Во Париз видео самит за односите меѓу Србија и Косово


Франција – Во Париз денеска ќе се одржи видео самит за односите меѓу Србија и Косово, под покровителство на Франција, Германија и Европската унија (ЕУ), со цел „повторно да се почне дијалогот“ меѓу двете страни. Како што неодамна објави Елисејската палата, самитот треба да и овозможи на ЕУ „да го олесни решавањето на нивните разлики“. На […]

Италија забрани влез од 13 земји, и од Македонија


Италија – Италија од денеска забранува влез на нејзина територија од 13 земји за кои процени дека имаат премногу случаи на Ковид-19. На списокот, составен од Министерството за здравство, се Ерменија, Бахреин, Бангладеш, Бразил, Босна и Херцеговина, Чиле, Кувајт, Северна Македонија, Молдавија, Оман, Панама, Перу и Доминиканската Република. – Забраната се однесува на сите што престојувале […]

Гутереш: Латинска Америка и Карибите се новата „жешка точка“ во пандемијата на Ковид-19


САД– Латинска Америка и Карибите станаа „жешка точка“ во пандемијата на Ковид-19 и неколку држави во регионот сега имаат најголем број случаи по глава на жител, како и најголем апсолутен број на потврдени случаи во светот. Тоа го изјави синоќа генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Шефот на светската организација презентираше извештај во кој се […]

Врховниот суд на САД дозволи делумен увид во даночните документи на Трамп


САД – Врховниот суд на САД вчера донесе одлука обвинителството во Њујорк да може да ги добие финансиските документи на американскиот претседател Доналд Трамп, но, барем засега, спречи Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозинство имаат демократите, да добие увид во тие материјали. Двете пресуди со седум гласови „за“ и два „против“ ги потпиша судијата […]

Флорида урива рекорди во ширење на коронавирусот


САД – Американската сојузна држава Флорида регистрираше 120 починати од Ковид-19 во последните 24 часа, рекореден дневен смртен биланс од почетокот на пандемијата. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, на Флорида денеска е забележан и друг рекорд, во текот на денот речиси 21 процент од тестираните биле позитивни. Здравствените експерти во САД велат дека […]

Во Грција 50 нови случаи на Ковид-19, половина се туристи


Во изминатите 24 часа зголемен е бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, а според податоците од Националната организација за јавно здравје регистрирани се 50 нови случаи, од кои 24 се од тестовите спроведени на влезните точки во земјата, односно на туристите, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, од останатите 26 […]

„Слоба Робија“ му одговара на Вучиќ: Никогаш не сум бил во затвор


Слободан Петковиќ, наречен „Слоба Робија“, за кого српскиот претседател Александар Вушиќ на прес-конференција тврдеше дека бил повеќекратно осудуван, а дека на протестот во вторникот бил претставен како херој и земјоделец, за Н1 рече дека тој никогаш не бил во затвор и дека тоа е се докажува. Синоќа, Петковиќ беше на платото пред Филозофскиот факултет, каде […]