Од јули Кинa им дава вакцини на ризичните групи

Од јули Кина им дава експериментални вакцини на групи лица кои се соочуваат со висок ризик од инфекција со коронавирус, изјави претставникот на Националната здравствена комисија Џенг Џонгвеј за државните медиуми.

Тој додаде дека целта е да се зајакне имунитетот на одредени групи луѓе, вклучително и здравствени работници и луѓе кои работат на пазарите и во секторите транспорт и услуги, пренесува Ројтерс.

Џенг исто така изјави дека кинеските власти би можеле да размислат за проширување на програмата за итни случаи во помал обем, во обид да спречат евентуални жаришта за време на есента и зимата.

Ниту една вакцина сè уште не поминала во последни испитувања во големи размери за да докаже дека е доволно безбедна и ефикасна за да ги заштити луѓето од можноста за заразување на коронавирусот, од кој починаа повеќе од 800.000 луѓе ширум светот.