Русија до 2030 година ќе ја намали емисијата на штетни гасови за 70 отсто, најавува Путин


Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Владата и порача дека мора задолижтелно да ги почитува мерките од Парискиот климатски договор од 2015 година и ѝ нареди до 2030 година да ги намали емисиите на штетни гасови за 70 отсто, во споредба со нивото од 1990 година, јавија британските медиуми. Русија е четврта земја во светот […]

Набљудувачите на Трамп можат одблизу да го следат пребројувањето


САД– Судот во Пенсилванија донесе одлука дека набљудувачите од кампањата на републиканскиот претседател Доналд Трамп можат да застанат поблиску и да го набљудуваат процесот на пребројување на гласовите во Филаделфија. Во Пенсилванија сè уште трае пребројувањето на гласовите, што може да одлучи кој ќе биде следниот претседател на САД, а кампањата на Трамп ја поздрави пресудата […]

Франција најпогодена европска земја со 1,6 милиони случаи на Ковид-19, рекордни над 58. 000 случаи за 24 часа


Франција– Новите ограничувачки мерки за вториот бран од епидемијата на кононавирусот во Франција, се чини, се уште не вродија плод, бидејќи за само 24 часа се забележани рекордни 58.046 нови позитивни тестови на Ковид-19, јави дописникот на МИА. -Франција е земја во Европа со најголем број случаи, 1,6 милиони, изјави  Жером Саломон, генералниот директор за […]

Си-Ен-Ен: Бајден ја зголеми предноста во Невада за 3.500 гласа


САД – Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден ја зголеми предноста во Невада пред ривалот Доналд Трамп за околу 3.500 гласови, јавуваат американските медиуми. Во примерок од над 87 проценти преброени гласови, Бајден има околу 49,5 проценти од гласовите, а Трамп има околу 48,5 проценти. Според Си-Ен-Ен, Бајден ја зголеми разликата и има повеќе од 11.000 гласови […]

OБСЕ го обвини Трамп за флагрантна злоупотреба на службената положба


Меѓународните набудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во американските претседателски избори денеска го обвинија претседателот Доналд Трамп за „флагрантна злоупотреба на службената положба“, затоа што побара прекин на броењето на гласовите од изборите пред завршувањето на целиот изборен процес. -Тоа што навистина вознемирува е фактот што шефот на американската држава побара […]

Во Шведска 4.034 новозаразени, најмногу во еден ден


Во Шведска, во последните 24 часа, се потврдени 4.034 нови случаи на Ковид-19, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијатас. Во истиот временски период, уште пет лица починаа како резултат на вирусот, вкупно 6.002 од почетокот на пандемијата. Последното највисоко дневно салдо беше потврдено на 29 октомври, кога имаше 3.254 нови случаи. Шведска во […]

Шведскиот премиер во самоизолација


Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави денеска дека е во самоизолација откако дознал дека негов близок бил во контакт со друго лице кое е заразено со коронавирус. Тој изјави дека неговиот близок, чиј идентитет не се открива, е негативен на коронавирус, меѓутоа докторите му советувале заедно со сопругата да се самоизолираат. – Работам од дома. Се […]

ЕУ пресече: Нема владеење на правото, нема пари од фондовите


Советот и Парламентот на ЕУ постигнаа преоден договор, по месеци преговори, со кој ќе се услови користењето на буџетот на Унија со почитување на принципите на владеење на правото. Ова прашање беше главен камен на сопнување помеѓу двете институции во преговорите за повеќегодишниот ЕУ буџет 2021-2027, кој сѐ уште не може да стапи на сила, […]

Што може да се случи ако биде оспорен изборниот резултат во САД?


Иако нема конечни резултати од неколку контроверзни држави кои би можеле да одлучат за исходот на претседателските избори во САД, републиканскиот претседател Доналд Трамп вчера објави победа над неговиот ривал демократот Џо Бајден и тоа го потврди стравот на демократите, изразен со недели, дека Трамп ќе се обиде да ги оспори изборните резултати. Ова може […]

Во Германија за еден ден регистрирани рекордни 19.900 новозаболени од Ковид-19


Во Германија потврдени се речиси 20.000 новизаболени лица со Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 597.583 луѓе,соопшти германскиот Институт Роберт Кох. Во изминатите 24 часа регистрирани се 19.990 новоинфицирани лица, што е најголем број од почетокот на епидемијата. Бројот на смртни случаи во изминато деноноќие се зголеми за 118 и изнесува […]

Француските власти спроведуваат 187 истраги по убиството на Самуел Пати


Француските власти спроведуваат 187 истраги за дела поврзани со терористичка пропаганда, закани и провокации во врска со убиството на учителот Самуел Пати, информира француското државно радио Франс енфо. По убиството на Пати, Интернет-платформата Фарос, наменета за собирање информации за радикални содржини, добила околу 2.000 предупредувања. Преку истата платформа претходно беа објавени податоци за видео снимка […]

Трампизмот е тука за да остане


„Вашингтон пост“ пишува дека без оглед на конечниот исход на изборите во САД во 2020 година, тоа во никој случај нема да биде национално отфрлање на претходните четири години. Навистина, Доналд Трамп собра повеќе гласови отколку што направи во 2016 година. Ишан Тарур пишува: „Еден јасен исход на САД изборите се крај на одредена заблуда. […]

Франција се закани со санкции поради повиците на Ердоган за насилство


Франција ги осуди повиците за насилство од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и најави можни санкции против Анкара. Ердоган влезе во жесток судир со францускиот претседател Емануел Макрон околу голем број геополитички прашања, а неодамна поради борбата на Франција против исламот. – Сега има повици за насилство, дури и омраза, кои редовно ги […]

Избори во САД: Може ли судовите да го направат Трамп победник?


Во 2000. траеше пет недели за официјално да се утврди победникот на изборите во САД. На крајот одлучи Врховниот суд. Трамп сака и овојпат да се повика на него. Но, тоа не оди така лесно, вели нашата проверка на факти Гласовите од претседателските избори во клучните држави сѐ уште не се пребројани. Но актуелниот претседател […]

Кипар воведува полициски час


Полициски час од 23 до 5 часот наутро, собири со најмногу десет лица, угостителските објекти со работно време до 22.30 часот, се дел од новите вонредни мерки на Кипар што стапуваат денеска на сила, а ќе важат до 30 ноември, јави дописничката на МИА. За мерките било одлучено на вчерашната владина седница, по што следеше […]

Кина воведува забрана за патници од некои европски држави


Кина забрани влез на патници од Велика Британија и Белгија и постави услови за тестирање на посетители од САД, Франција и Германија како одговор на зголемениот број случаи на новозаразени со новиот коронавирус ширум светот. На 28 септември Кина дозволи влез за сите странци со валидни документи, откако во март воведе ограничувања. Тестовите за коронавирус мора да се направат […]

Во Велика Британија од денеска нов карантин


Во надеж дека ќе го спречат брзото ширење на Ковид-19, британските власти од денеска воведуваат нов карантин за 56 милиони жители, Италија и Кипар се подготвуваат за полициски час, а САД имаат нов рекорд од повеќе од 100 илјади заразени за 24 часа. Коронавирусот сега најбрзо се шири во Европа со повеќе од 11 милиони случаи, од кои половина се во Русија, […]

Најбогатите американски претседатели


Уште пред четири години, пред да стане претседател на САД, за Доналд Трамп се шпекулираше дека ќе биде најбогатиот човек што седел во Овалната соба. Порталот 24/7 Вол стрит, неговото богатство го проценува на околу 3,1 милијарди долари, што прави Трамп да биде далеку пред „конкуренцијата“. Сепак, тешко дека останатите американски претседатели биле сиромашни. Истиот […]

Франција ја продолжи вонредната состојба до 16 февруари


Франција ја продолжи вонредната здравствена состојба до 16 февруари поради зголемениот број случаи на заразени со корона вирусот. Поради недостиг на кворум за време на седницата на Националното собрание во вторникот, вонредната состојба беше продолжена само до 14 декември. Сепак, гласањето повторно се одржа вчера и вонредната состојба беше продолжена до 16 февруари. Двомесечната пандемска вонредна состојба, која беше […]

Рекордни бројки на новозаразени во САД – над 100 илјади лица за 24 часа


Нов рекорден број на нови инфекции со Ковид-19 за еден ден е регистриран во САД вчера. Според американски медиуми, најмалку 102.591 нови случаи биле пријавени еден ден по изборите во САД. Рекордни бројки на новозаразени се регистрирани во државите Колорадо, Ајдахо, Индијана, Мејн, Мичиген, Минесота, Род Ајленд, Вашингтон и Висконсин. Во вторникот, за првпат по […]