Набљудувачите на Трамп можат одблизу да го следат пребројувањето


САД– Судот во Пенсилванија донесе одлука дека набљудувачите од кампањата на републиканскиот претседател Доналд Трамп можат да застанат поблиску и да го набљудуваат процесот на пребројување на гласовите во Филаделфија.

Во Пенсилванија сè уште трае пребројувањето на гласовите, што може да одлучи кој ќе биде следниот претседател на САД, а кампањата на Трамп ја поздрави пресудата на судот како голема победа.

Си-Ен-Ен тврди дека ниту еден суд не утврдил дека има повреди во пребројувањето на гласовите во Филаделфија.

Претходно, MСНБЦ објави дека пребројувањето на гласачките ливчиња добиени по пошта во Филаделфија е привремено прекинато, бидејќи Демократите побараа од Врховниот суд на таа држава да ја укине пресудата на долниот суд за набљудувачите овластени за броење на гласовите.