Најбогатите американски претседатели


Уште пред четири години, пред да стане претседател на САД, за Доналд Трамп се шпекулираше дека ќе биде најбогатиот човек што седел во Овалната соба. Порталот 24/7 Вол стрит, неговото богатство го проценува на околу 3,1 милијарди долари, што прави Трамп да биде далеку пред „конкуренцијата“.

Сепак, тешко дека останатите американски претседатели биле сиромашни. Истиот портал состави листа на претседатели на САД според нивното богатство претворено во вредноста на доларот во 2020 година.

10. Бил Клинтон

42. претседател на Америка (1993-2001)

Богатство: 75,9 милиони

Извор на богатството: Клинтон всушност се збогати откако престана да биде притседател. Заработи милиони од својата автобиографија „Мојот живот“, а дел од богатството дојде и од неговата сопруга Хилари Клинтон и нејзините мемоари „Тежок избор“. И тој и таа многу заработуваат како говорници.

9. Херберт Хувер

31. претседател на САД (1929-1933)

Богатство: 83 милиони

Извор на богатството: Хувер е „милионер од калта“. Пораснал како сираче, дипломирал на Универзитетот Стенфорд и работел како рударски инжињер пред да влезе во политиката. Купил неколку рудници во кои подоцна е најдено сребро и тоа го направило богат.

8. Линдон Џонсон

36. претседател на Америка (1963-1969)

Богатство: 109,3 милиони

Извор на богатството: Џонсон бил млад, амбициозен и сиромашен човек се додека не се оженил со Клаудија Тејлор една од најбогатите дами во тоа време. Заедно створиле империја во тексас, но најголемиот делод парите доаѓале од радио-станицата која била во сопственост на госпоѓа Тејлор.

7. Џејмс Медисон

4. претседател на Америка (1809-1817)

Богатство: 113,3 милиони

Извор на богатство: Неговите родители биле екстремно богати плантажери и тој го наследил семејниот бизнис. Пред крајот на животот бил во долгови поради лошите инвестиции и семејниот живот на неговиот посвоен син.

5. Ендру Џексон

7. претседател на Америка (1829-1837)

Богатство: 132,6 милиони

Извор на богатството: Џексон е еден од ретките претседатели на САД кој всушност е роден сиромашен. Богатството го стекнал како правник и со женење. Наследил огромни пари од сопругата Рејчел, која починала пред тој да стане претседател.

5. Теодор Рузвелт

26. претседател на Америка (1901-1909)

Богатство: 139,7 милиони

Извор на богатството: Речиси целото богатство тој го налседил. Цел живот бил во јавна служба и се смета дека не заработил многу. Лагодниот живот му го овозможувало семејното наследство.

4. Томас Џеферсон

3. претседател на Америка (1801-1809)

Богатство: 236,8 милиони

Извор на богатството: Џеферсон пред да влезе во политиката бил богат земјопоседник и имал голем број фарми. Сепак, интересно е што умрел во долгови поради раскалашан живот над своите можности.

3. Џорџ Вашингтон

1. претседател на Америка (1789-1797)

Богатство: 587 милиони

Извор на богатството: Најголемиот дел го наследил од својот полубрат, но се збогатил и како генерал, а подоцна и како политичар.

2. Џон Ф. Кенеди

35. претседател на Америка (1961-1963)

Богатство: 1,1 милијарда долари

Извор на богатството: Богатството на Џон Кенеди е незгодно за вакви проценки, затоа што поголемиот дел е наследено. Кенеди е роден во исклучително моќно и со генерации богато семејство.

1. Донад Трамп

45. претседател на Америка (2017- досега)

Богатство: 3,1 милијарда

Извор на богатството: И Тамп е „роден во свила и кадифе“. Се проценува дека од татко му, освен бизнисот со недвижности, наследил и 413 милиони долари и потоа повеќекратно ги зголемил. Во споредба со него, неговиот противкандидат Џо Бајден, чие богатство „Форбс“ го проценува на „само“ 9 милиони долари, изгледа како многу сиромашен, заклучува „Историски забавник“.