Бразил планира во 2021 година да го вакцинира целото население


Бразилскиот министер за здравство Едуардо Пажуело денеска изјави дека Владата на таа земја планира да го вакцинира целото население во 2021 година против коронавирусот. Во интервју за една радио станица, Пажуело рече дека кандидатите, кои добиваат одобрение од здравствениот регулатор Анвис, можат да се користат за вакцинирање на Бразилците. Бразил е на трето место во …

Бразил планира во 2021 година да го вакцинира целото население Read More »

Во вооружен напад во Авганистан убиена ТВ водителка


 Вооружени лица денеска ја застрелаа ТВ-водителката Малала Маиванд во источен Авганистан, соопштија властите. – Напаѓачите, рано утрово, отворија оган кон автомобилот на Малала Маиванд, кратко откако таа излегла од куќа во источната провинција Нангархар, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата, Аталах Когиани. Никој не презеде одговорност за убиството, но огранок на терористичката Исламска држава со …

Во вооружен напад во Авганистан убиена ТВ водителка Read More »

Вакцината „Спутник V“ по две дози е ефикасна 96,2 отсто


Русија– Прелиминарните податоци добиени од руските клинички испитувања на вакцината против новиот коронавирус покажуваат дека „Спутник V“ е ефикасна 69,3 проценти по првата вакцинација и 96,2 проценти по втората. Членот на Руската академија на науки и шеф на Националниот научно-истражувачки институт за јавно здравје Рамил Хабријев ја потврди ефикасноста и безбедноста на „Спутник V“, наведувајќи …

Вакцината „Спутник V“ по две дози е ефикасна 96,2 отсто Read More »

На еден месец до крајот на мандатот, Трамп нареди неколку егзекуции


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна серија егзекуции на федерално ниво во последните негови денови во Белата куќа, пренесува Би Би Си. Закажани се пет егзекуции пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден на 20 јануари, со што се прекрши 130-годишната традиција да не се прави тоа при трансфер на претседателската власт. …

На еден месец до крајот на мандатот, Трамп нареди неколку егзекуции Read More »

На Европа ѝ требаа граници, а ги изгради коронавирусот


Aмериканското списание „Форин полиси“ смета дека за време на кризата со коронавирусот, европските земји започнаа повторно да ги воспоставуваат своите граници и да прават разлика меѓу нив и „другите“, што создаде посилно чувство за европска припадност, што не беше без политички последици. Форин полиси, во извештајот на холандската новинарка и дописничка Каролин де Грујтер, наведува …

На Европа ѝ требаа граници, а ги изгради коронавирусот Read More »

Курц: Секој ден на пандемија значи мртви и економска штета


Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска истакна дека е многу важно ЕУ што е можно поскоро да почне со вакцинација против коронавирусот. – Секој ден на пандемија во Европа значи илјадници мртви, голема економска штета и многу луѓе кои мора да се плашат за своите работни места, рече Курц пред Самитот на ЕУ. Тој изрази надеж дека наскоро …

Курц: Секој ден на пандемија значи мртви и економска штета Read More »

Лидерите на ЕУ денес и утре на средба за буџетот, Брегзит сè уште во ќорсокак


 Шефовите на држави и влади на ЕУ денес и утре ќе се сретнат во Брисел физички за редовниот декемвриски самит, главна тема, и најитна, на дневен ред е договорот за седумгодишниот буџет на Унија и Фондот за закрепнување од кризата, јавува дописничката на МИА од Брисел. По недели блокади и преговори Унгарија и Полска се подготвени да се откажат од ветото …

Лидерите на ЕУ денес и утре на средба за буџетот, Брегзит сè уште во ќорсокак Read More »

Од денеска сопрени возовите меѓу Швајцарија и Италија


  Швајцарија и Италија ќе ги сопрат сите прекугранични железнички услуги од четврток, затоа што персоналот во возовите нема капацитет да ги изврши безбедносните проверки на Ковид-19 кои ги наложи италијанската влада, соопштија денеска од Швајцарската сојузна железница. Олуката, која ќе важи неодредено време, погаа десетина дневни рути, вклучително и возовите на големи далечини меѓу …

Од денеска сопрени возовите меѓу Швајцарија и Италија Read More »

Вашингтон пост: Се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај


САД – Пандемијата го смени начинот на живот, а особено влијае на патувањата, така што веќе се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај, т.н. ковид пасоши. Тоа се апликации за мобилни телефони на кои патниците во меѓународниот сообраќај ќе ги испраќаат своите потврдени резултати од тестовите за Ковид-19 или …

Вашингтон пост: Се развиваат апликации за проверка на ковид статусот на патниците во меѓународниот сообраќај Read More »

Гејтс донира уште 250 милиони долари за вакцината против Ковид-19


САД –  Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и попристапна вакцина за Ковид-19. Поединечлната најголема донација досега доаѓа откако Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата за борба против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари. „Дали светот ќе стане подобро место за живеење …

Гејтс донира уште 250 милиони долари за вакцината против Ковид-19 Read More »

„Гол“ прв користи Боинг 737 Макс после 20 месеци


Бразил– Бразилската компанија „Гол“ стана првата авиокомпанија што почна повторно да го користи Боинг 737 Макс на комерцијални летови по 20 месеци, кога беше прекината употребата на овие авиони поради две несреќи во кои загинаа стотици луѓе. Вчерашниот лет беше на релација меѓу бразилските градови Сао Паоло и Порто Алегре. Бразилската регулаторна агенција за цивилно воздухопловство АНАЦ кон …

„Гол“ прв користи Боинг 737 Макс после 20 месеци Read More »

Европската агенција за лекови цел на хакерски напад, пристап имале до документи за вакцината на Фајзер/Бионтек за Ковид-19


Холандија – Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Фајзер. „Важно е да се напомене дека ниту системот на Бионтек, ниту на Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични …

Европската агенција за лекови цел на хакерски напад, пристап имале до документи за вакцината на Фајзер/Бионтек за Ковид-19 Read More »

ЈуТјуб отстранува дезинформации за резултатите од изборите во САД


САД– ЈуТјуб почна да ги отстранува сите содржини во кои се тврди дека „масовните измами или грешки“ довеле до промена на резултатите од претседателските избори одржани на 3 ноември во САД, соопшти администрацијата на  платформата. Критичарите на ЈуТјуб веќе долго време ја повикуваат компанијата да престане да прима видеа со дезинформации за американските избори, бидејќи …

ЈуТјуб отстранува дезинформации за резултатите од изборите во САД Read More »

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос подмири даночен долг од околу 700 илјади евра


Шпанија – Поранешниот шпански крал Хуан Карлос, кој е во егзил од август во Обединетите Арапски Емирати, додека неколку судски истраги се водат против него, подмирил долг од речиси 680.000 евра кон шпанските даночни власти, објави синоќа неговиот адвокат. „Кралот Хуан Карлос им предаде на фискалните власти потврда од подмирениот даночен долг во износ од 678.393,72 …

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос подмири даночен долг од околу 700 илјади евра Read More »

Во ЕУ претставен компромисен предлог за деблокада на буџетот


Белгија–  Германското претседателство со Советот на ЕУ подготви нацрт решение за прекин на унгарско-полската блокада на голем финансиски пакет, според кое одлуката за поврзување на распределбата на европските средства со владеењето на правото не може да се спроведе се додека не биде одобрена од Судот на ЕУ. Вакво решение, за кое германското претседателство преговараше со Унгарија …

Во ЕУ претставен компромисен предлог за деблокада на буџетот Read More »

ИФЈ: Во 2020 година убиени 42 новинари и медиумски работници


Белгија– Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) по повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, објави документ насловен „Бела книга за новинарството во светот“ во која се предупредува дека годинава 42 новинари и медиумски работници биле убиени на задача. Во истиот документ се наведува дека најмалку 235 новинари и медиумски работници во моментов се …

ИФЈ: Во 2020 година убиени 42 новинари и медиумски работници Read More »

Синот на Бајден повторно цел на истрага на американските истражни органи


САД –  По неколкумесечна суспензија, американските федерални истражни тела повторно отворија истрага против Хантер Бајден, синот на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. По препорака на Министерството за правда на САД, истрагата беше прекината и сите активности што може да влијаат на исходот од претседателските избори во САД беа забранети. Сега кога завршија претседателските избори, истрагата против …

Синот на Бајден повторно цел на истрага на американските истражни органи Read More »

Дводневен годишен состанок на ЕС во Брисел


Белгија– Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе се соберат денеска на завршен годишен состанок на Европскиот совет во Брисел. Разговорите треба да почнат во 13 часот, а самитот ќе трае два дена. И покрај сегашната епидемиолошка состојба, лидерите на земјите-членки ќе пристигнат во Брисел, а Европскиот совет ја нагласуваат важноста на физичкото присуство поради сите …

Дводневен годишен состанок на ЕС во Брисел Read More »

Властите во САД бараат Фејсбук да се лиши од Инстаграм и Ватсап 


САД- Коалиција од 46 сојузни држави синоќа поднесе колективна тужба против Фејсбук за злоупотребува на своето првенство на пазарот со социјалните мрежи и прегазување на конкуренцијата.  Антимонополска тужба против Фејсбук поднесе и Федералната трговска комисија (ФТЦ). Летиша Џејмс, главен обвинител на Њујорк, на прес-конференција синоќа изјави дека „треба да се запре со неоправдано агресивната практика на …

Властите во САД бараат Фејсбук да се лиши од Инстаграм и Ватсап  Read More »

Чешкиот Парламент одобри продолжување на вонредната состојба


Долниот дом на чешкиот Парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба до 23 декември, што е пократко отколку што побара кабинетот на премиерот Андреј Бабиќ. Некои мерки воведени од чешката Влада со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, како на пример ограничување на јавни собири или привремено прекинување на работатат на некои компании, може да …

Чешкиот Парламент одобри продолжување на вонредната состојба Read More »