Мартин: Новиот вид на корона вирус се шири во Ирска побрзо од најпесимистичките најави


 Новиот вид на корона вирус кој во Ирска пристигна од Велика Британија, се шири побрзо отколку што предвидуваа најголемите песимисти, изјави ирскиот премиер Мајкл Мартин.

– Додека трае меѓународно истражување за новиот вид на корона вирус, веќе е сосема јасно дека станува збор за вид кој се шири многу, многу побрзо, истакна Мартин, најавувајќи заострување на рестриктивните мерки за следните четири недели.

Тој оцени дека брзината на ширењето на новиот вид на корона вирусот ги надмина најпесимистичките проекции.