Лукашенко: Нема да поднесам оставка сè додека полицијата не ми побара


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко рече дека нема да поднесе оставка се додека последниот полицаец од специјалните единици за сузбивање немири не го побара тоа од него, пренесува агенцијата ТАСС.

– Се додека последниот полицаец од специјалните единици за контрола на немири не ми рече да заминам, јас ќе стојам цврсто на ова тло, рамо до рамо со вас, затоа што вие и јас немаме ништо друго освен оваа земја, рече Лукашенко за време на посетата на специјалната полициска единица во Минск.

Претходно во текот на денот, специјалната белоруска единица за сузбивање немири му додели највисок орден на Лукашенко – црна беретка за „специјална служба“.

Тој, пак, им додели признанија на полициските и воените службеници.