Историски момент за женските права: Аргентина го легализираше абортусот


Аргентинскиот Сенат денеска го легализираше абортусот до 14-та недела од бременоста, важен чекор за регионот што има едни од најрестриктивните закони за прекинување на бремоста во светот и што се смета за голема победа на поборниците за правата на абортусот во земјата со мнозинство католици.

Сенатот гласаше со 38-29 за да им се овозможи на милиони жени пристап до законско прекинување на бременоста со новиот закон поддржан од претседателот Алберто Фернандез. Се очекуваше многу законот да биде изгласан со многу потесна разлика, пренесува Би-Би-Си.

Огромен број активисти за правото на абортус и борци против абортусот се собраа пред Палатата на аргентинскиот национален конгрес за да ги чекаат резултатите, кои дојдоа во раните утрински часови по дебатата во текот на ноќта. Поддржувачите на законот ги дочекаа вестите со извикување пароли – и, во некои случаи, со солзи радосници, пренесува Си-Ен-Ен.

Досега, абортусите беа дозволени само во случаи на силување или кога здравјето на мајката беше изложено на ризик.

Предлог-законот беше одобрен од Долниот дом, претходно овој месец.